1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мигрантите-костур на германскиот тим!

Вкупно 11 фудбалери кои потекнуваат од 8 различни држави и имаат т.н. миграциско потекло се на списокот на селекторот Јоаким Лев на Мундијалот. Тие се новата надеж на германскиот фудбал.

default

Марко Марин, Месут Озил, Какау или Сами Кедира... имињата секако не звучат германски, но тие се новата надеж на германските фудбалски навивачи на ФИФА-Светското фудбалско првенство во Јужна Африка.

Вкупно 11 фудбалери кои потекнуваат од 8 различни држави и имаат т.н. миграциско потекло се на списокот на селекторот Јоаким Лев на Мундијалот. Бразил, Босна и Херцеговина, Турција, Гана, Тунис, Шпанија, Нигерија и Полска се земјите од каде потекнуваат новите германски фудбалски звезди.

Какау, на пример, во Германија пристигнал пред десетина години како дел од група која играла самба. Случајно потпишал за еден нискорангиран клуб од Минхен, а денес заработува милиони играјќи за Штутгарт.

NO FLASH WM100613 Deutschland Australien

Од натпреварот меѓу Германија и Австралија

Марко Марин е роден во Босанска Градишка, но неговите родители побегнале од виорот на војната кога имал само две години. Лукас Подолски, Мирослав Клозе и Пјотр Троховски се родени во Полска, а како деца се преселиле во Германија. Таткото на Џером Боатенг е од Гана, а на Сами Кедира од Тунис.

„Ние сме еден тим, сеедно од каде потекнуваме, сите посакуваме успех“, ќе изјави во една пригода Сами Кедира.

Одраз на новата реалност

Во фудбалската федерација се горди на новата генерација фудбалери. Фудбалот во Германија и во многу други западни држави е некој вид алатка кога станува збор за подобрувањето на животните околности на претежно сиромашните доселеници. За многумина од нив фудбалот е шанса за остварување успех и за стекнување материјална сигурност.

Според статистиката, секој петти жител на Германија или околу 16 од вкупно 82 милиони има миграциско потекло. Од нив најбројни се Турците, а потоа следат доселениците од поранешните југословенски републиики.

Автор: Среќко Матиќ/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска