1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мигрантите во Германија – фактор за вработување

Да се снабдиш значи: да купиш весник кај турски сопственик на киоск, зеленчук кај Италијанец или кај Азиец. Самостојните мигранти во Германија одамна и припаѓаат на сликата од улиците. Од почетокот на 90-сеттите години нивниот број дури се удвои. Вкупно денес во Германија има 4 милиони самостојни, од кои секој 12-тти е мигрант. Во Португалија, Белгија или Велика Британија дури и многи повеќе. Но, зошто воопшто с

default

� самостојни?

Зашто се помалку образувани и тешко можат да најдат работа. Меѓутоа, од неодамна се појави сосема нова група што формираат фирми: тие се млади, високо образувани мигранти кои сакаат да ја искористат Германија – во срцето на Европа – како фактор. Факт е дека самостојните мигранти претставуваат скоро 4 проценти од сите работни места во Германија. Факт е тоа дека не вработуваат само свои, туку и Германци:

Чинија полна салата од зелка, кромид, домати – Јани Кицекудис фантастично бргу се движи низ кафеаната кон масата во близина на влезот. Потоа вртење околу сопствената оска, зафат со ножот за да подготви гиро и помфрит за нарачаната порција:

„Дневниот стрес е нормална појава, но без тоа мислам дека не би преживеале. Тоа е она што го бара работата„.

И тоа веќе 10 години откога Гркот со својата „Атина грил„ во Бон стана самостоен. Тогаш имаше 26 години и не беше единствениот. Насекаде во соседството мигрантите отвораа продавници: Турчинот Махмут продавници за зеленчук, Полјачаката Ана, кројачки дуќан, а Италијанецот, Фабио, пица сервис:

„Едноставно е да станеш самостоен. Со малку пари секој може тоа да го направи„.

Тоа значи: од почетокот – работа, работа, работа.

Животот на Јани со години се врти главно околу гирото – 10 часа дневно, 7 дена неделно. Сепак Гркот е задоволен и среќно гледа во долгата кололна пред неговиот киоск. Се оди добро иако никогаш нема да стане богат:

„Не е се само правење и продавање помфрит. Освен тоа мораш да водиш книга за данокот и за вработените. Тоа мора да се научи и да се владее, инаку бизнисот нема да функционира и нема успех„.

Многумина мигранти не успеаја поради недостиг на знаење. Меѓутоа, токму во последните години се појави нов бран мигранти во Германија. Мигранти со работно искуство, бизниспланови и врски:

„Ова овде е нашиот производ 1397. Тоа се две гумени половини потребни при монатажа на автомобили„.

Вака го започна Турчинот Чиниет Абкаш пред три години својот нов живот во Германија. Живот меѓу илјадници мали, црвено-сини кутии за автомобилски делови, оддалечен половина час од гиро-грилот на Јани:

„Сега сме во магацинот. Има илјада и 200 квадратни метри и е висок 7„.

И додека Гркот ги снабдува луѓето во неговиот кварт со гиро, Турчинот Абкаш ги снабдува авто-лиферантите меѓу Мадрид и Москва со неговите автомбилски прибори:

„Целиот концепт за оваа фирма го подготвивме уште во Турција. Претходно ги планиравме целите, трошоците и стратегијата„.

Освен тоа, Абкаш студирал германски, технички се образувал и веќе работел во автомобилската бранша во Турција – се како подготовка за неговиот голем сон. Како Абкаш толку систематски настапуваат се повеќе мигранти. И пред се осамостојуваат во услужните дејности или во веле-трговијата, користејќи ги бизнис контактите со нивните земји од каде што потекнуваат.

Абкашовите лагери и федери се произведуваат во Бурса во Турција. Од неговиот магазин потоа заминуваат во целиот свет:

„Оваа палета на пример, патува за Хрватска. Има меѓу 300 и 500 килограми и вреди од 3 до 5 илајди евра„.

Со 34 години сега си е свој шеф, има 8 соработници и набргу ќе се шири. Дали сонот му се оствари?

„Добро, се чувствувам фино. А, кога и од другите ќе добиеш признание, се радувам и ми претставува задоволство„.

Работата со турскиот шеф им претставува задоволство и на германските соработници во фирмата на Абкаш:

„Работната клима кај мигрантите е полабава отколку кај Германците. Прилично кул! А, и работното време е добро. Почнуваме во 8 и работиме до 17 часот„.

„Или кога се разговара за нешто со шефот, некако се е полесно. Не е укочено како кај некој газда Германец„.

Досега странските самостојни пред се вработуваа свои земјаци. Меѓутоа, младите шефови како Абкаш или угостителот Јани размислуваат поинаку:

„Зошто да не вработам Германци? Имам луѓе од Курдистан, од Србија и немам никави предрасуди„.

Со таквиот став самостојните мигранти како Јани или Абкаш создадоа преку милион работни места, а тоа се 4 проценти од сите работни места во Германија.