1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

МЗТ Скопје Аеродром со прва шампионска титула

МЗТ Скопје Аеродром стана петта екипа во македонскиот кошаркарски шампионат која успеала да стане шампион. Големо славје во населбата „Јане Сандански“ .

МЗТ Скопје Аеродром синоќа со победата над Фени Индустри во Кавадарци од 81:73, односно со вкупни 4:1 во победи го освоија шампионскиот кошаркарски пехар.

Последниот натпревар кој се одигра пред празните трибини во салата „Јасмин“, за гостите од Скопје почна лошо. Фени на самиот почеток направи убедлива предност 17:2, но „Аеродромци“ се вратија во игра по неколку реализирани тројки. Во втората четвртина новиот шампион направи серија од 15:0 и навести дека титулата од Кавадарци ќе се пресели во Скопје. На полувреме гостинскиот тим замина со предност од 43:36, која ја одржуваше во второто полувреме.

Todor Gecevski

Македонскиот репрезентативец Тодор Гечевски- еден од најзаслужните за првата титула на МЗТ

Најефикасни во победничкиот тим беа Игор Мијајловиќ со 21 поен, Тони Грнчаров даде 15, Тодор Гечевски 14. Кај Фени Индустри Дарко Соколов со 17 и Кирил Николовски со 12 беа играчите со најмногу постигнати поени.

Големото славје на навивачи на МЗТ Скопје кои натпреварот го следеа на видео-бим во ТЦ „Бисер“ траеше до раните утрински часови, а половина час по полноќ ним им се приклучија и градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски и кошаркарите кои во населбата „Јане Сандански“ пристигнаа со панорамски автобус.

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром две децении ја чекаше шампионската титула и сега стана петти тим во македонскиот кошаркарски шампионат која успеал да биде шампион. Претходно титули освојувале Работнички (14), Никол Ферт (1), Струмица (1) и Фени Индустри (3).