1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Меѓу скарата и основите работнички права

Денес во Македонија не е лесно да се биде работник. Една од најзагрозените професии е новинарската. Новинарите биеја туѓи битки, но ја загубија својата. Бројни се примерите на прекршување на основните работнички права.

default

Работничката приказна во Македонија во изминатите години на денот на трудот ја раскажуваа рудари, градежни работници, текстилци. Годинава за работничките права и особено за неправдите зборува новинар. Изборот падна по се` погласните апели дека новинарската професија е крајно девалвирана, а новинарите како фела максимално понижени. Причина плус е фактот што неодамна се формираше првиот независен синдикат на новинарите и медиумските работници. Саше Димовски, како и многу други новинари во Македонија, ја вкуси суровоста на капитализмот во македонската транзициска фаза. Се разликува од своите колеги што гласно проговори за неправдите.

Superteaser NO FLASH Mazedonien Presse TV Sender TV A1

Новинарската професија целосно девалвирана?

Тешка задача пред новоформираниот синдикат

Пред новоформираниот синдикат е предизвикот да и` го врати достоинството на новинарската професија. Да го порази апсурдот со кој се соочи новата генерација македонски журналисти. Оние кои биеја битка за работниците од сите сектори ја загубија сопствената. Тамара Чаусидис е свесна дека на синдикатот му претстои тешка задача.

Прекршувањата на работничките права се бројни. Голем број работат на црно, нема минимална плата, нема платени викенди и празници, користење на годишен одмор.

Работничките права во Македонија се постојан предизвик за синдикалците, кои во изминатите две децении не покажаа никакви резултати. Исполитизиран и анемичен, синдикатот беше само декор во македонското општествено милје. Речиси и да не се памети позначаен работнички протест, посериозен штрајк што ќе ги замисли работодавачите. Работничката горчина на денот на трудот вообичаено се ублажува со синдикалната првомајска скара.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев