1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Меѓу национална гордост и економска кревкост“

Со ваков наслов ја резимира изминатата година во Македонија француската специјализирана ревија „Ле Курие де пеи де л’ест“(Le courrier des pays de l’est).

default

Скопје,меѓу желбите и можностите

Во влијателната ревија „Le courrier des pays de l’est“, издадена од „Ла Документасион франсез“ - орган на француската влада, се опфатени сите земји од Централна и Источна Европа, на Република Македонија и се посветени тринаесет страници. Во нив детално се анализира внатрешнополитичката и економската ситуација на земјата. Анализи, кои им служат за запознавање на одлучувачките средини во Франција со земјите од овој дел на Европа.

Авторите на студијата, констатираат дека владата на Никола Груевски сé уште ужива голема подршка од јавноста, што се должи најмногу на нејзините дискусии втемелени врз националната гордост и економската програма која треба да го фаворизира економскиот развој, странските инвестиции и нивото на животот.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, сакаа да ја свртат станицата од конфликтот во 2001, исто како и на деликатното спроведување на политиката на културна разноликост, со цел да ја исковаат самодовербата на Македонија, еманиципирана од патернализмот било да доаѓа од српска, грчка или бугарска страна. Во таа насока е посочено преименувањето на скопскиот аеродром.

И натаму меѓународната зедница игра посредничка улога

Една година по доаѓањето на власт, новата влада „ангажирана на националниот пат“ изгледа дека не успеа да ги земе во предвид реалните влогови на меѓуетничките односи во земјата. Бојкотот на ДУИ, само потсети на потребата од специфична политика кон малцинствата и на посредничката улога на меѓународната заедница. Според „Ле Курие де пеи де л’ест“, прифаќањето на албанските барања во мај 2007, ако преставуваат политички неуспех за владата, тие се придонес за стабилноста во контекстот на регионот.

Опозицијата, предводена од СДСМ, по изборниот пораз, откако имаше чувство дека ја стави Македонија на патот на мирот, сега е во сериозна криза на идентитетот.

Македонија живее и во неизвесноста на донесувањето на одлуката за идниот статус на Косово.

Економски реформи во земјата

На економски план, Македонија продолжува со структуралните реформи. Во 2006 таа сруши два рекорди, износот на трговскиот дефицит во разменета со странство, што според авторите на студијата се должи и поради силниот денар. Вториот рекорд е бруто надворешниот долг, кој на крајот од 2006 достигна 40,8 % од БНП односно 2, 41 милјарди долари. Добрата вест е предвременото отплаќање на долговите и зголемувањето на странските инвестиции, најмногу по приватизацијата на ЕСМ. Резултатите од новата политика на владата за олеснување на странските инвестиции сé уште е рано да се анализираат, но едно е јасно- даночните олеснувања ќе го олеснат буџетот на државата. И покрај позитивните економски индикатори и подобрувањето на ситуацијата на пазарот на работната рака, Македонија е земја со најголема невработеност во посткомунистичките земји.

.

Поделена меѓу желбата да трасира свој специфичен пат за развој и потребата за меѓународна заштита, македонските раководители продолжуваат да се надевааат дека ќе добијат покана за членство во НАТО во текот на 2008, заедно со датумот за отворање на преговори за членство во Европската Унија, што ќе им даде воена, политичка и економска стабилност, потребни за гарантирање на мирот во Македонија, заклучува на крајот ревијата „Ле Курие де пеи де л’ест“.