1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓу надежта и очајот- турско-курдскиот конфликт

Нападот на курдските бунтовници врз турските воени и полициски објекти доведе до нови тензии, и покрај тоа што пред само две години се’ изгледаше многу поинаку.

default

Точно пред две години, на 19 октомври 2009, југоистокот на Турција, каде живеат мнозинство Курди беше обземен од славје и играње по улиците, откако илјадници Курди на улиците ги поздравија првите борци на Курдската работничка партија кои доброволно го предадоа оружјето, на барање на турската влада. По постигнатиот договор со турските власти, тие се симнаа од планинските предели во северен Ирак.

Амнестијата за курдските бунтовници беше клучната точка на новата политика кон Курдите, која ја најави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган претходната пролет. Помирувањето се чинеше на дофат на рацете тоа утро. Но уште пред да мине денот, шансата замина.

Бунтовниците беа поздравени со победнички песни од Курдите. Притоа тие носеа воени униформи, на големо изненадување на турските граѓани. Бунтовничките трупи потоа парадираа низ главниот град Дијарбакир со часови. Наместо помирување, Турците гледаа како Курдите прославуваат победа. Расположението во земјата веднаш се смени, а првата тура курдски бунтовници кои го положија оружјето, стана и последна.

Политички реформи

Türkei Irak Kurden Soldaten in der Nähe der Grenze zu Irak

Турски војници на границата кон Ирак

Како и во минатото, и во овој случај се покажа правилото дека во војна „може да има само еден победник... но и еден губитник“.

„Курдскиот проблем е најважниот проблем за Турција“, изјави турскиот претседател Абдула Ѓул неколку месеци пред тој ден. Ѓул оцени дека проблемот мора да се реши со политички средства.

Владата започна со серија политички реформи кои никогаш претходно не се чинеа прифатливи за да ја унапреди состојбата на курдското малцинство. Денес, курдскиот јазик може слободно да се говори, и на него се издаваат бројни печатени изданија. Дури и националната телевизија има емисија на курдски јазик.

Неодамна беше објавено дека во тој период владата водела тајни преговори и со затворениот лидер на ПКК, Абдула Очалан и со други воени команданти на организацијата.

Нападите продолжуваат

Türkei Kurden Kämpfer im Grenzgebiet

Курдски бунтовници

Но, и покрај сите обиди за примирје, конфликтот продолжува и денес.

ПКК, упорно го разгорува насилството. Само во последните месеци беа изведени серија напади врз цивилни цели, дури и врз Курди.

Фактот што нападот врз турските воени објекти се случи на истиот ден кога пред две години се случи неуспешниот обид за помирување, не е случајност.

Во средата, специјален комитет во турскиот парламент се состана со цел да предложи промени во Уставот, со кој на Курдите ќе им се дадат повеќе права. Во комитетот членуваат и претставници на курдската партија БДП, која е дел од парламентот.

Но, ПКК и натаму опстојува на намерата своите цели, за автономија на регионот, да ги оствари со насилство, што од друга страна, води кон контра-напади на турската армија.

Автор: Сузане Гистен/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска