1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Меѓусебни обвинувања во парламентот

Повеќе партиите во Собранието денеска го осудија обидот за предизвикување немири по вчерашните протести во Скопје. Позицијата и опозицијата со меѓусебни обвинувања за одговорните за инцидентите.

default

Парламентот во Скопје

Синоќешниот обид за напад врз грчката амбасада во Скопје, беше повод за меѓусебни обвинувања меѓу позицијата и опозицијата во македонскиот парламент. Премиерот Никола Груевски и министерството за внатрешни работи тврдат дека групата од неколку стотици млади била командувана од СДСМ. Реплицираше лидерката на оваа партија Радмила Шеќеринска која ја обвини владата дека бара алиби за меѓународната изолација на земјата и лошата преговарачка позиција во врска со името.

DW.COM