1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Меѓусебниот дијалог мост за Европа

Претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово од Охрид му порачаа на Брисел дека врвен приоритет им е забрзана интеграција на нивните земји во ЕУ и НАТО. Свесни се дека треба интензивна регионална соработка.

default

Во релаксирана и пријателска атмосфера, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов со неговите колеги од Албанија - Бамир Топи, од Црна Гора - Филип Вујановиќ и од Косово - Атифета Јахјага, разговарале за долгорочната иднина на регионот.

Претседателот Иванов подвлекол дека четирите земји знаат да се однесуваат европски, што е особено значајно , имајќи ги предвид проблемите со кои Унијата се соочува и предизвиците за нејзиното проширување. Иванов, апелирал за правилно вреднување на индивидуалните и заеднички постигнувања на секоја од земјите и нивна забрзана интеграција. Коментирајќи го проблемот со името, кој е кочница за Македонија за евроатланската интеграција, Иванов рече:

„Перцепцијата која е создадена за Македонија е создадена од една земја членка на ЕУ. Другите земји членки не се согласуваат со таквиот став. Позитивното искуство од Словенија и Хрватска ни‘ е патоказ како треба да дојдеме до решение. Очекуваме и Грција така да се однесува кон нас. Проблемот е во ОН и таму треба да се бара решението.“

Порака да се интензивира дијалогот Белград - Приштина

Разговори за долгорочната иднина на регионот

Разговори за долгорочната иднина на регионот

Еден од приоритетите за регионот е и интензивирање на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

„Факт е дека Србија изјави дека сака да биде дел од ЕУ и тоа ја обврзува да го има истиот пат и истиот начин на однесување како и другите земји во регионот. Разбирам дека секоја земја, секој лидер, има сопствени проблеми од внатрешен карактер, но во едно општество какво што е српското, каде иднината е ЕУ, посакувам Тадиќ да ни‘ се придружи на оваа маса каде што дискутираме за проекти во однос на соработката за интеграција“, рече албанскиот претседател Бамир Топи .

Покана и Борис Тадиќ да учествува на следниот самит

Црногорскиот претседател Вујановиќ му порача на неговиот албански колега Топи дека следниот самит ќе се одржи во услови на натамошен напредок во

Следната средба ќе се одржи во Подгорица

Следната средба ќе се одржи во Подгорица

дијалогот Белград-Приштина, со надеж дека и претседателот на Србија Борис Тадиќ ќе ја прифати поканата. Заедничка констатација на претседателите по билатералните средби е дека ова е вистински момент за конкретизирање на соработката во одделни сфери, особено во патната и енергетската инфраструктура, економијата, заштитата на животната средина, борбата против организираниот криминал. Заеднички констатирале дека овие состаноци на највисоко ниво се јасен сигнал до владите за потребата од интензивирање на соработката меѓу одделни ресорни сфери. Ова би се постигнало со зачестени средби и отворени контакти. Четворицата претседатели во одвоени билатерални средби размениле информации за актуелните политички и економски состојби, како и за актуелните регионални прашања. Клучна тема во разговорите биле напорите и предизвиците за ЕУ и НАТО интеграциите на земјите од регионот, како нивен врвен приоритет .

На Охридската средба и‘ претходеа лидерските средби во Валона и Призрен, а лидерите ја прифатија идејата на нивниот македонски колега во ургентни состојби, по примерот на ЕУ, наместо еднаш, да се среќаваат почесто во текот на една година. Следната средба во овој или проширен формат ќе се одржи во Подгорица.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор. Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM