1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меѓупартиски средби во Скопје

Во истовремени одвоени средби во Скопје разговараа раководствата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и раководствата на ПДП и ДПА. Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Гуевски во името на владата ја информирал албанската опозициска партија за чекорите кои ги презема владата во борбата против корупцијата и криминалот и приближувањето на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ахмети од своја страна оцени дека е постигнат напредок во дијалогот со власта.

На втората средба лидерот на ПДП Абдулади Вејсели кажа дека неговата партија има понуда од премиерот за влез во владата и оти централното претседалство ќе ја разгледа понудата и ќе донесе одлука. Според Мендух Тачи потпретседател на ДПА, неговата партија нема ништо против влезот на ПДП во власта.