1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меѓупартиски конфронтации во Владата

Конфликтот власт опозиција можеше да се претпостави. Парламентарниот албанско-албански судир и обвинувањата околу случајот Бродец, можеше и да се прогнозира, но на ред стигна и сериозен раскол во владината коалциија. .

default

Седница на Владата

Внатре владиниот конфликт е тест за опстојувањето на кабинетото на премиерот Никола Груевски. Времињата на манифестирање на блискост, преку ручеците во ресторани во состав Груевски - Тачи - Петковски се заменети со интравладин судир меѓу ДПА и Новите Социјалдемократи.

Владината партија на Тачи иницира интерпелација за вице премиерот Живко Јанкуловски, а ќе ја поддржи и смената на министерката за економија Вера Рафајловска, што ја бара опозициајта. Осветничката акција од страна на ДПА доаѓа како одговор на недоверабата што Титоистите ја изразија со гласањето за смена на Рефет Еламзи.

На тој начин се реализира ставот на лидерт Петковски околу одговорноста на вице министерот за внатрешни работи „За нас е неприфатливо да се бега од политчка одговорност за прашања кои биле еведенти дека се случиле во собранеието“. Сигнал дека е евидентетн раскол во владината коалиција испрати пратеникот Ружди Матоши од ДПА; за време на парламентарната дебата за интерпелацијата за Рефент Елмази. Матоши предупредеи, ако некој од владеачките партии гласа за смена на нговиот сопартиец, занменкот министер за полиција, ќе се распадне владата.

Уште не се архивираа резултатите од гласањето, со што Елмази остана заменик министер во владата на Груевски, ДПА со одговор, крај на неморалното однесување на Петковски, а цената е во разрешување на двајцата министри од НСДП и нејзинио исфрлање од владата. „НСДП веќе неколку пати ја напаѓа владата зад грб во нејзините најтешки моменти. НСДП е во иста линија со господинот Црвенковски и опозицијата“ смета потпретседателот на Собранието Бесим Догани од ДПА а неговиот колага Иван Атанасовски од НСПД возвраќа „Апсолутно тие обвинувања не држат, незнам на кој начин неморално“

Премиерот Груевски можеби е со отворена шанса и врата за првата владина реконструкција уште пред Нова Година. Дали ќе дојде и до рекомпонијрање на владиното мнозинство ќе зависи и од проценката дали и од каде премиерот ќе добие осум гласови од пратениците што ги контролира Петковски и неговата НСДП.

Во целиот овој нов бран на политичка конфликтност не е исклучено и самиот Груевски да го поттикнува ривалитетот во владиното мнозинство како шанса и за предвремени парламентарни избори сврзани со резултатите за НАТО апликацијата на Македонија.