1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меѓународни реакции на смртта на Трајковски

Генералниот секретар на Советот на Европа, Валтер Швимер, во името на 45-те земји членки изрази жалење за смртта на македонскиот претседател. "Претседателот Трајковски беше човек на мирот и дијалогот, кој успеа да го врати поредокот во земјата по вооружените судири во 2.001-та година. Неговата смрт е голема загуба за неговата земја и за Европа, каде беше ценет како еден од најпацифистичките лидери на Балканот."

Координаторот на Пактот за стабилност, Ерхард Бусек, го нарече Трајковски вреден сојузник во плодната соработка меѓу Македонија и Пактот. Неговото умерено влијание за време на напнатоста во Македонија и неговото разбирање за малцинствата му даде авторитет што досега далеку надвор од границите на неговата татковина.

Полскиот претседател Александар Квашњевски од Тајланд, последната постојка на неговата азиска турнеја, изрази длабоко жалење за смртта на "многу добриот пријател и добар соговорник за европските и балкански прашања".

Британскиот премиер Тони Блер денешната прес- конференција ја почна со изјавата на сочувство. "Најнапред дозволете ми да и' изразам сочувство на македонската нација за трагичната загуба на нивниот претседател Борис Трајковски."

На веста за трагичната смрт на македонскиот претседател албанскиот премиер Фатос Нано за ДВ изјави:

"Ова е трагична и неочекувана загуба. Ќе ни недостасува овој човек, овој пријател, овој европски претседател на нашиот сосед Македонија, претседател на Охридскиот договор, на одличната соработка не само со Албанија, туку и со другите земји од регионот. Сметам дека е тешко заменлив за стабилноста на Македонија и евро- атлантските реформи на Балканот".

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ денеска во Европскиот парламент во Стразбур изјави:

"Заминувањето на Борис Трајковски не е само тежок удар за неговото семејство, за Македонија, туку и за целиот наш регион и за Хрватска."

Хрватскиот претседател нагласи дека смртта на Трајковски ќе остави политички последици врз целиот регион, но истовремено изрази уверување дека тоа нема да ја загрози натамошната интеграција на Македонија во ЕУ.

Претседателот на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ, изјави дека Трајковски работел предадено на засилувањето на мирот, стабилноста и соработката во целиот регион и дека бил длабоко уверен оти Балканот може и мора да биде дел од обединета Европа.

Косовскиот премиер, Бајрам Реџепи, изјави:

"Ние со жалење за време напосетата на Италија ја примивме веста за трагичната смрт на македонскиот претесдател Трајковски. На одреден начин Трајковски беше мој пријатеч и со него ни појде од рака во голема мера да ги релаксираме односите меѓу Македонија и Косово. Длабоко сум тажен за загубата, која не е само загуба за Мкд, туку и за целиот регион."

И шефот на УНМИК Хари Холкери изрази жалење по повод смртта на Трајковски и упати сочувство до неговото семејство.