1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меѓународни пофалби за ирачкиот референдум

Во Ирак, две години по симнувањето од власт на диктаторот Садам Хусеин, граѓаните вчера гласаа за нов, демократски устав на земјата. Набљудувачите од ОН со оценка-референдумот протекол добро

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан ги пофали Ирачаните за учеството во народното изјаснување за уставот.„Тоа беше важна шанса за изразување на нивните плитички погледи“,изјави Анан.

Американскиот претседател Џорџ Буш референдумското изјаснување го оцени како тежок удар против терористите и јасно изјаснување против терористичката организација Ал Каеда и нејзината изобличена визија на исламот.Буш изјави:

„Овој викенд е значаен во историјата на Средниот исток.Ова е решавачки чекор на ирачкиот марш кон демократијата,а со секој таков на ирачкиот народ,се намалува визијата на Ал Каеда.“

ЕК го поздрави одржувањето на референдумот во Ирак како важен чекор кон демократијата и стабилноста .„И покрај тешката безбедносна ситуација ,ова беше голем ден за демократијата во Ирак“,изјави еврокомесарот за надворешна политика Бенита Фереро Валднер синоќа во Брисел.Таа ги осуди актите на насилство за време на референдумот,ветувајќи дека ЕУ и натаму ќе го поддржува Ирак.Од крајот на 2003 година ЕК му стави на располагање на Ирак вкупно 518 милиони евра.

Инаку,референдумот во Ирак протече помирно отколку што се стравуваше.До затворањето на гласачките места беа јавени инциденти,но тие останаа под нивото и на вообичаените дневни напади.Сосема очигледно,безбедносниот концепт функционираше.Вклучени беа околу 100 илјади домашни војници во обезбедувањето на гласачките места,а гласачите беа претресувани пред влезовите.

Резултатите од гласањето ќе бидат познати по неколку дена.Се претпоставува дека Курдите и Шиитите гласаа за предлог уставот,неизвесно е дали тој помина и кај Сунитите,кои имаа забелешки.Ако уставот е усвоен,најважните спорни точки ќе бидат дополнително разгледувани,вели сунитскиот политичар Атман Патчачи:

„Со разликите во мислењата ќе се зафати новиот Парламент.“

А тие се однесуваат на степенот на автономијата на одделни региони,односот кон членовите на старата Баат партија,управата со нафтените приходи и со другите ресурси.

Важна спорна точка беше и улогата на исламот во донесувањето на законите.