1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меѓународните атомски власти со нови барања до Иран

Меѓународните атомски власти побарале од Иран да се постават камери за набљудување во нивните атомски постројки, јавуваат агенциите повикувајќи се на дипломатски извори. На Техеран му е дадено време до крај на март да го прифати барањето. Снимките од овие камери треба да пристигнуваат директно во Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, и со нив да се осигура дека иранската нуклеарна програма не се употребува за воени цели.