1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Меѓународниот фактор против бојкотот на ДУИ и ПДП

Опозиционата коалиција на ДУИ и ДПА изгради заеднички став за напушање на македонското Собрание. Наспроти досегашните апели на меѓународниот фактор да се откажат од бојкотот. Денеска во мисија на разубедување се и евроамбасадорот Ерван Фуере и претсатвниците на НАТО.

Меѓународната заедница преку дел од своите дипломатски претставници во Македонија засега останува безуспешна во напорите да ги задржи опозиционите пратеници на Демократската унија за интеграција и на Партијата за демократски просперитет во парламентот. Денеска следат нови обиди овојпат на евроамбасадорот Ерван Фуере и на претсатвниците на НАТО низ средбите со челиниците на двете партии во Скопје.

Диксон жали поради одлуката за бојкот

Вчера бриитанскиот амбасадор Роберт Диксон во Мала Речица се сретна со лидерот на интегративците Али Ахмети без присуство на новинарите. Дискон изразил жалење и загриженост поради напуштањето на македонското собрание. Неколку часа подоцна претседателствата на ДУИ и ПДП заеднички ја изградија позиицијата околу излегувањето од законодавниот дом. Портпаролката на ДУИ Емира Мехмети сумира: „ Напуштањето на работата на собранието нема определен рок, значи е на неодредено време. Напуштањето на работата на собранието е оправдано, особено поради суспеднирањето на правото на вето на Албанците од страна на парламентрантото мнозинстов. Институционалниот дијалог немаше ефект. Залагањата за политичкиот дијалог досега беа само фарса.“

Партиите носат одоговорност пред своите избирачи

Манифестирањето непопустливост и игнорирањето на апелот на меѓународната заедница за откажување на бојкотот на парламентот вчера ја предизвика американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ да каже дека нема намера да се сретнува со лидерите на ДУИ и ПДП, кои имаат право на таков бојкот, како демократско право на секоја партија, но и оти сносат одговорност пред бирачкотот тело ако дејстваат надвор од институциите: „ Тоа е несреќна одлука, бидејќи сите оние што гласале за ДУИ и ПДП, гласале за тоа, нивните претставници да ги застапуваат и да работата за нив во институциите. Докажано е дека е многу подобро да работат за нив во институциите дури и ако се фрустрирани од начинот како се одвиваат нештата“ нагласи американската амбасадорка во Македонија Миловановиќ

Партиите засега остануваат на својот став

Дали партиите сепак ќе го прифатат повикот искажан низ дипломатссата офанзива да се напуштат пратеничките клупи, портпаролите на ДУИ и ПДП Ермира Мехмети и Сафет Незири велат: „Не би можела да е согласам со тврдењето дека се води некаква дипломатска офанзива против ДУИ, односно со ДУИ. Напротив се води една интензивна политичка, популистичка офанзива против ДУИ од страна на господинот Никола Груевски и од страна на оваа владеачка колаиција. “ рече Мехмети, Незири пак истакнува: „ Ние не сме имале никакви притисоци од нивна страна. Тие ги разбиираат нашите политички ставови за нашето повлекување од парламентот. “

Дали интегративиците сепака ќе омекнат во своите ставови или не ќе се види веќе во сабота по седницата на Генерланиот партиски совет, кога ќе се гласа за или против, за конечната одлука за излегување од собранието на Република Македонија.