1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Меѓународна тројка ги оцени средбите во Лондон како конструктивни

*

Тројцата претсавници на меѓународната тројка ги оценија конструктивни разговорите со Белград и Приштина во Лондон и ги повикаа двете страни да се воздржат од какви било дејства или изјави. Рускиот претставник на посредничката тројка за Косово, Александар Боцан Харченко изјави дека за време на одвоените средби меѓу Приштина и Белград во Лондон, и двете страни останале на претходните позиции. Тој и најави дека директниот дијалог меѓу Белград и Приштина на 28 септември ќе се оддржи на највисоко ниво, претходно на 27 септемрви меѓународната тројка ќе оствари средба со министрите на земјите членки на Контакт групата за Косово, САД, Русија, Велика Британија, Германија, Италија и Франција.