1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународна поддршка за преодна влада во Сирија

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и земјите кои се граничат со Сирија, на вчерашната (30.06.) конференција во Женева, го поддржаа планот за формирање преодна влада на национално единство во Сирија.

Учесниците на меѓународната конференција за Сирија се согласија дека преодната влада е најдобар пат за постигнување мир во таа земја, но остнува отворено прашањето дали претседателот Башар ал-Асад треба да биде дел од таа влада.

Genf Syrien Konferenz Kofi Annan

Во резулуцијата предложена од медијаторот Кофи Анан, а усвоена на вчерашната конференција, не се бара од Башар ал-Асад да замине од функцијата

„Новата влада би требало на Сирија да и’ донесе мир, демократија и иднина“, изјави специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан. Анан на прес-конференцијата во Женева истакна дека на состанокот е договорено дека транзициската влада ќе биде формирана врз основа на взаемен консензус. Тој нагласи дека „сега следува напорна работа и дека народот во Сирија треба да дојде до политички договор“.

Без барање за заминување на Асад

Genf Syrien Konferenz Kofi Annan

Хилари Клинтон инсистираше во текстот да биде вметнато барањето Асад да си оди

Во резолуцијата усвоена на меѓународната конференција во Женева не се бара од Башар ал-Асад да се откаже од функцијата претседател на Сирија. Тоа беше барање на Кина и на Русија, со кое овие две земји го условија донесувањето на резолуцијата, иако американската министерка за надворешни работи цело време инсистираше во резолуцијата да се вметне и повикот Асад да си замине од власт. Во документот прецизно не е наведено ниту кога треба да дојде до промена на сегашната власт.

Резолуцијата само го соддржи предлогот на Анан преодната влада да биде формирана од претставници на сегашниот режим на Башар ал-Асад и од претставници на опозицијата - двете страни кои во моментов се во вооружен конфликт. Учесниците на вчерашната (30.06) конференција посветена на ситуацијата во Сирија во завршната декларација уште се обврзаа дека ќе извршат притисок врз сите страни во конфликтот за прекин на насилството и исполнување на планот на Кофи Анан.