1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународна осуда на убиството на тунискиот опозиционер

Ситуацијата во Тунис е тензична по убиството на уште еден политичар на опозицијата во земјата. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои протестираа против исламистичката влада.

Убиството на тунискиот опозициски политичар Мохамед Брахми наиде на осуда во меѓународната заедница. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во Њујорк изјави дека не смее да се дозволи овој грозоморен чин да го доведе до пропаст процесот на демократизација во Тунис. САД и Европската унија од своја страна побараа се‘опфатно разјаснување на случајот. Брахми, потпретседател на секуларната народна партија, кој беше убиен вчера пред неговиот дом во едно предградие на главниот град Тунис. 58-годишниот политичар беше член на Уставотворното собрание на Тунис од редовите на левите нерелигиозни сили и раководеше со партијата „ Движење на народот“. Брахми важеше за огорчен противник на исламистите.

Tunesien Attentat Mohamed Brahmi

Мохамед Брахми

Ова е второ убиство на секуларен политичар во Тунис годинава. Пред шест месеци беше убиен Чокри Белаид. Тоа убиство предизвика бран протести ширум Тунис.

Најважниот синдикат на Тунис за денеска повика на генерален штрајк во знак на протест против убиството на Брахми.

Во текот на вчерашниот ден пак туниската полиција употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти од пред Министерството за внатрешни работи.

Демонстрантите во знак на протест поради убиството на Брахми го блокираа централниот булевар во Тунис и поставија шатори, а потоа седнаа на земја пред Министерството за внатрешни работи и извикуваа: „Долу партијата на Муслиманското братство, долу мачителите на народот“.

Тие се против поврзаноста меѓу владејачката партија на Тунис Ан Нахда и Муслиманското братство во Египет.