1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународна конференција во Ирак

Во Багдад започна според многумина една од најзначајните средби на кои тема е безбедноста во Ирак.

default

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики во обраќањето пред учесниците рече дека Ирак не треба да биде место каде што останатите земји ќе ги покажуваат своите различни интереси и ќе се мешаат во внатрешните работи на државата. Малики од земјите учеснички побара тие да помогнат во спречувањето на „терористичките сили“.

На прв поглед конференцијата во Багдад не е посебно возбудлив настан: официјално се работи за средба на која политичките службеници од разни земји ќе го подготвуваат априлскиот самин на министрите за надворешни работи. Сепак оваа конференција има далеку поголемо значење. Со голем интерес на Блискиот исток се е прашањето дали по четврт век денеска ќе дојде до средба меѓу претставниците на САД и Иран и Сирија, две земји кои американскиот претседател Џорџ Буш до сега сакаше само да ги изолира.

За иранското раководство оваа конференција е шанса да покаже конструктивност и желба за компромис, и тоа многу повеќе отколку до сега. Во последните недели, Техеран ја ублажи својата политичка реторика. Истовремено, Иран на своето учество на состанокот во Багдад може да гледа како на можност се повеќе да се признае неговата улога во регионот и влијанието кое може да го има во Ирак. Нивниот близок сојузник, Сирија како што се чини смета дека багдадската средба ќе значи и почеток на дијалогот со САД. Сирискиот весник „Тисрин“ близок до владата пред неколку дена ја пофали одлуката на САД да ја прифати поканата на Багдад. Сиријците исто како и Иранците за време на денешната средба не сакаат само да зборуваат за Ирак туку и за другите кризни региони во светот. Весникот на владеачката сириска партија Баат пишува дека во овој регион нема да има мир и стабилност без сеопфатно решавање на проблемите и во Либан и Палестина. Прашање е дали навистина Иран и Сирија можат да придонесат за смирување на ситуацијата во Ирак? Независните експерти сметаат дека влијанието на двете сили во Ирак е помало отколку што тоа го тврдат САД. Иран и Сирија навистина се во позиција да влијаат на влошување на нестабилната ситуација во Ирак, но нивната способност активно да придонесат кон воспоставување на мирот, наспроти тоа е многу ограничена.

Инаку,на местото каде што се одржува конференцијата одекнаа две експлозии. Засега нема информаци за евентуални жртви.

Поврзана содржина