1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународна заедница на лицемери

Американците, Русите, европејците – во кризата сите се повикуваат на меѓународните принципи и право и сите се неверодостојни. Оти, тука многу повеќе доаѓа до израз нивната непринципиелност. Коментар на Катрин Бранд.

default

Грижа за малите народи и малцинствата или само игри за демонстрација на моќ на велесилите?

Кој сака да доживее лицемери, може деновиве да ги набљудува во еден од нивните фаворизирани биотопи – светската политика. Едната велесила симулира милосрдие за правата на малцинствата, другата се усвитува од грижа за правото на самоопределување на сите народи. Притоа, поимите можат и да се разменат, оти ништо од тоа не е вистинско. На САД, исто како и на Русите, им е им е сосем сеедно за судбината на Грузија, Јужна Осетија и Абхазија. За нив е во прашање политичка моќ, економско влијание, огромно количество енергија – и едните да ги избламират другите.


Ставот спрема Косово - бумеранг за ЕУ


Во оваа работа ни ЕУ не стои сјајно. По природата на нештата во неа има могу различни мислења за Русија и Америка, оти нејзините држави ја доживеаја повоената историја од обете страни на железната завеса. Тоа е добро и в ред. Не е добро и не е в ред што некои држави – Германија, на пример – се премногу еластични кај поимот „територијален интегритет“.

Србија во февруари немаше право на тоа, сметаа големи делови на ЕУ, таа требаше безгласно да дозволи нејзината покраина Косово да се осамостои. Сега кај Грузија треба да владеат други правила? Иако двата случаја не се совпаѓаат докрај, сепак на ЕУ итната согласност во полза на Косово сега и’ се врати како бумеранг. Ни 50 од околу 200 земји на ОН не го признаа Косово, патем, ни Русија.


Ќе го признае ли сега Русија и Косово?!


Сега ќе се покаже: ако е Москва сериозна во однос на самоопределувањето, тогаш мора да го признае Косово. Ако е ЕУ сериозна, мора да ја преобмисли својата позиција во однос на Кавказот, оти е многу неверојатно дека Јужна Осетија и Абхазија доброволно ќе одат назад во зависност. Таму ќе мора да има некоја форма на протекторат, меѓународна помош и мировни трупи, како и на Косово, кое уште со години нема да биде самостојна држава.

Претседателот Медведев планираше провокација, но фактички ја активира картата на светот.

►◄