1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународната заедница со нов план за Иран

Во атомскиот спор со Иран меѓународната заедница до раководството во Техеран предложи нов план за решение на конфликтот. Понудата го зема предвид ставот на Иран, изјави портпарол на ЕУ-дипломатот Кетрин Ештон.

default

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев и главниот ирански преговарач Саед Џалили

Според Мајкл Мен, портпарол на Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Иран мора да разбере дека е „упатен на брз успех на преговорите“. Мен во казахстанскиот главен град Алмати рече: „Се надеваме дека Техеран ќе покаже флексибилност и дека тоа ќе биде чекор напред.“

Во Алмати денеска (26.02) се одржува првата средба по цели девет месеци на таканаречената група 5+1 (петте сили со право на вето и Германија) и Иран.

Според ирански медиуми, понудата до Иран предвидува олабавување на санкциите во трговијата со злато и нафта, како и во банкарскиот сектор. Западот го сомничи Иран дека под плаштот на цивилно користење нуклеарна енергија работи на создавање атомска бомба. Техеран тоа постојано го демантира.

Набљудувачите не очекуваат конкретни договори на средбата во Алмати.