1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Меѓународната заедница повикува на смиреност во Македонија

Шефовите на мисиите ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на САД во Македонија изразија сочуство за петкратното убиство кај село Смиљковци

Шефовите на мисиите на Европската унија, НАТО, ОБСЕ и на САД во Македонија денеска заеднички го осудија убиството што се случи во близина на село Смиљковци и изразија сочувство до семејствата на жртвите.

„Знаеме дека властите го испитуваат овој криминален акт и го бараат сторителот или сторителите. Ние ги поддржуваме напорите на Владата во спроведување истрагата и правните процедури во најбрз можен рок и ја охрабруваме соработката на јавноста при собирањето на сите достапни информации за овие убиства, стои во заедничката писмена изјава.

Европската унија, НАТО, ОБСЕ и САД ги повикуваат сите граѓани да останат смирени, да се воздржат од шпекулации или неосновани тврдења, како и да покажат трпение во врска со спроведувањето на истражниот процес.

„Кога граѓаните се вклучуваат во насилство или се обидуваат да го земат законот во свои раце, тоа само ја оддалечува полицијата од истрагата и го отежнува пронаоѓањето на убијците и нивното соочување со правдата, се подвлекува во заедничката изјава.