1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меѓународната заедница мора да ги збие редовите!

Реакциите што ширум светот ги предизвикаа најновите атентати во Истанбул, носат една заедничка порака: борбата против меѓународниот тероризам мора да биде интензивирана. Но, во таа насока најмногу ќе помогне доколку демократските држави ги надминат разликите во мислењата!

Победите секогаш носат засилување на одредена позиција. Секоја бомба, од Истанбул, преку Багдад и Ријад до Ерусалим, претставува победа во очите на исламустите. Исто така и секој пад на акциите на берзите ширум светот е причина за славење на приврзаниците на Ал Каида. Секој турист, пак, кој по најновите атентати ќе се откаже од патувањето во Турција, на пример, сакал или не ги поддржува оние кои проповедаат омраза и непомирливост. А секоја муслиманска земја, која не му дава доволна поддршка на демократскиот процес дома, на крајот на краиштата ризикува да стане жртва на фундаментализмот.

Поради сето тоа САД и нивните сојузници не смеат да потклекнат под притисокот на насилството - ни во Турција, ни во Ирак, ни на Блискиот исток. Компромис меѓу демократите и тесноградите фундаменталисти ни не може да има. Не е можно да се посредува дипломатски меѓу оние кои се борат за достоинството на единката и оние кои со бомби убиваат недолжни деца, жени и мажи.

Во изминатите месеци демократскиот табор беше ослабен, бидејќи повеќе европски земји, меѓу нив и Германија, Франција и Русија, и' рекоа решително "не" на ирачката војна. Други земји од "стариот контитент" пак му дадоа поддршка на воениот курс на американскиот претседател. Британците сега го плаќаат данокот за тоа.

Додека Џорџ Буш и Тони Блер се обидуваа да остават добар впечаток во очите на меѓународната јавност со средбата во Лондон, самоубијците однесоа со себе во смрт десетици лица во Истанбул. Токму сликите од Истанбул, меѓутоа, го обиколија светот, а не оние од Лондон. А претпоставката дека сето е стратешки потег на Ал Каида и со неа поврзаните организации се чини многу веродостојна. Таа во секој случај не е ослабена, туку напротив, Ал Каида стана поопасна од кога и да е до сега.

Тоа значи дека е дојдено крајно време за надминување на кавгите меѓу цивилизираните држави, бидејќи само со заеднички сили можат да му се спротистават на тероризмот. За неколку децении историчарите можат слободно да расправаат кој донел исправна одлука во борбата против тероризмот, а кој не, дали било исправно да се вмаршира во Ирак или не итн. Но, сега е моментот за заедничко дејствување: во Ирак, во Авганистан, на Блискиот исток, во централно-азиските држави што му припаѓаат на ГУС, или пак во Индоназија. Во голем број од овие земји, имено, исламистите се полет и стекнуваат се' поголемо влијание.

Ширум светот процесот на демократизација не напредува доволно, на пример во поранешните републики на Советскот сојуз, на пример. Паѓањето на диктатурите не значи само по себе и дека на нивно место ќе завладеат демократски процеси. Затоа Западот ќе мора наскоро да се погрижи за изградба на демократска нација и во Ирак.