1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународната заедница задоволна од пресвртот во Либија

Меѓународната заедница со олеснување ја прими веста за големиот напредок на бунтовниците во Либија.

default

Американскиот претседател Барак Обама истакна дека иднината на земјата сега е во рацете на самите Либијци. „Борбата не е завршена. Во некои региони режимот даде до знаење дека ќе продолжи да се бори. Но очигледно е дека режимот на Гадафи е пред својот крај“, рече Обама во аудио-обраќање до нацијата.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, и` вети на Либија целосна поддршка од светската организација.

Координаторката на европската надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, нагласи дека Либија се наоѓа пред почетокот на нова ера. Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле, побара диктаторот Моамер Гадафи да биде изведен пред лицето на правдата.

Автор: ТТ/ АТ/ дв/ макфакс

Редактор: Е.М.Фиданоска