1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународната заедница бара решение за Либија

Претставници од околу 40 земји, ОН, НАТО и Арапската лига денеска (29.03.11) во Лондон дебатираат околу иднината на Либија. Покрај политичките перспективи, станува збор и за хуманитарни проблеми.

Борбите во Либија продолжуваат

Борбите во Либија продолжуваат

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ја потврди одлучноста на меѓународната заедница, да го принуди либискиот диктатор Моамер ел Гадафи да

Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

се повлече од функцијата. „Тој мора да си оди“, рече Клинтон на конференцијата во Лондон. „Ќе продолжиме се’ додека полковникот Гадафи целосно не ја прифати резолуцијата на ОН 1973“, подвлече Клинтон, истакнувајќи ги досегашните успеси на коалицијата „Спречивме можен масакр во Мисрата“, изјави Клинтон.

За времето по Гадафи на маса во Лонодн се најдоа, инаку, повеќе модели. Сите тие предвидуваат скорешно положување на оружјето. Различни се гледиштата - каков да биде третманот кон диктаторот. Додека Италија се залага за решение со заминување во егзил, САД, Велика Биртанија и Франција бараат Гадафи да биде изведен пред Меѓународниот кривичен суд. Германскиот министер за надворешни

Гидо Вестервеле

Гидо Вестервеле

работи Гидо Вестервеле на либиската опозиција и‘ понуди помош при политичката обнова и изградбата на земјата по завршувањето на воената операција. Берлин, меѓу другото, е подготвен да пружи хуманитарна помош. Русија побара од земјите учеснички да поднесат објаснување за воздушните напади во Советот за безбедност на ОН. Воената операција, според Москва, е прекршување на резолуцијата на ОН, рече министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Резолуцијата предвидува заштита на цивилното население, подвлече Лавров.

Пред почетокот на конференцијата, инаку, дипломатите на повеќе западни држави, во Лондон водеа разговори со претставникот на либискиот преоден совет, Махмуд Џибрил, иако либиската опозиција не е учесник на официјалниот дел на конференцијата. Советот, вид на провизорен парламент, денеска првпат поднесе политичка програма за иднината на Либија. Во неа врвен приоритет е формирањето демократска правна држава.

Борбите во северо-африканската држава во меѓувреме продолжуваат. Армијата на либискиот диктатор Моамер ел Гадафи го запре продирањето на бунтовниците кон западот на земјата. Бунтовниците се повлекле во местото Бин Џавад, откако биле нападнати при маршот кон Сирте. Силите лојални на Гадафи пак го напаѓаат градот Мисрата. Американската војска соопшти дека елиминирала три либиски брода кои стрелале врз Мисрата.

Автор: АТ/ ЕМФ/ дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска