1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународен налог за апсење на Гадафи

Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг денеска издаде налог за апсење на либискиот властодржец Моамер ел-Гадафи. Главниот обвинител на судот, Луис Морено-Окампо, го товари Гадафи за злосторства против човечноста.

default

Моамер ел Гадфи

Судиите на Меѓународниот кривичен суд денеска наредија апсење на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи поради обвинение за злосторство против човештвото.

Нему му се префрлува дека лично наредил напади против невооружени цивили односно дека неговите сили пукале врз демонстрантите, гранатирање на погребните поворки и користење на снајпери за убивање на луѓе кои ги напуштале џамиите за време на првите денови во пресметките со бунтовниците. Обвинителите сметаат дека тие рани напади биле само почеток на злосторствата кои ги сториле силите лојални на Гадафи.

Налог за апсење и за еден од синовите на Гадафи

Советот за безбедност на Обединетите нации на 26.февруари нареди да се истражат злосторствата во Либија, а Морено-Окампо неколку денови подоцна отвори истрага. Според светските новински агенции најголема веројатност за апсење на Гадафи ќе биде доколку либиските бунтовници со помош на НАТО ја

Libyen Unruhen Öl Ölpreis Seif al-Islam

Налог за апсење и за синот на Гадафи

преземат контролата врз Либија, успеат да го уапсат, а потоа и да го екстрадираат.

Налози за апсење се издадени и против Саиф ал Ислам, син на Гадафи, како и против шефот на либиската тајна служба.

Инаку, претпладнето во Триполи, главен град на Либија, во квартот каде се наоѓа резиденцијата на Моамер ел-Гадафи, одекнале две силни експлозии, предизвикани од напад на НАТО од воздух. Според агенцијата Асошиетед прес, од резиденцијата се кревал столб од густ чад. Во времето на нападот Гадафи не бил во резиденцијата.

Автор: СН/ дв/ дпа/ ап

Редактор: Александра Трајковска