1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Меѓународен ден на правдата

Во светот денес (17.07) за првпат се одбележува Меѓународниот ден на кривичната правда. На 17 јули 1988 година е усвоен Римскиот статут, со кој е основан Меѓународниот кривичен суд (МКС).

default

Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Овој ден е посветен на прославата на развојот и достигнувањата на кривичното правосудство, а на одбележувањето, покрај МКС, се приклучи и Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, соопштија во Хаг. „Целта на одбележувањето на овој ден е да се прослават чекорите кои меѓународната заедница ги презеде во постигнувањето на глобалната правда и поттикнување дијалог меѓу поборниците на меѓународната правда ширум светот“, наведено е во соопштението во Хаг.

Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија е суд на ОН кој се занимава со злосторствата сторени во текот на судирите на Балканот во 1990-тите години. Од основањето, во мај 1993 година, тој ја промени сликата за меѓународното хуманитарно право и им пружи можност на жртвите да ги искажат стравотиите што ги доживеале. Меѓународниот суд ги постави темелите на денешните стандарди за решавање на судирите и процесите на равзој по судирите ширум светот.

Автор: ЕМФ/СХ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски