1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Меѓубиланс на даночната афера во Германија

Во рамките на досегашната истражна постапка проверени се 150 лица, за кои постои сомневање оти прикривале даноци преку конта во Лихтенштајн.

default

Целата афера почна со шефот на германската Пошта, Клаус Цумвинкел (на сликата при апсењето во куќата во Келн)

На сметките на спорните фондации во Лихтенштајн инаку се откриени околу 200 милиони евра. Истражните органи во Германија во врска со овие средства поведоа постапка против 150 лица.
„Преку премолчувањето на овој капитал и соодветните даночни обврски што произлегуваат од него државата е оштетена за големи суми. Од осомничените лица, 91 го признаа прекршокот и делумно веќе ги подмирија одбегнатите даночни обврски. Сумата од околу 28 милиони расте од ден на ден„ – појаснува Јавниот обвинител Ханс Улрих Крик.
Секојдневно расте и бројот лица кои сами се пријавуваат
„Даночните средства што произлегуваат од пријавите се големи. Во меѓувреме проверуваме дали изјавите се потполни, како и дали дошле на време за да ги ослободат сторителите од прекршочна одговорност.„
Јавното обвинителство во Бохум од самиот почеток на аферата го прифати како легитимно користењето на тајните податоци. Германските тајни служби му платија на информантот четири милиони евра за податоците кои доведоа до фамозните откритија.
„Со оглед на фактот што според нашите информации спомнатите податоци им биле понудени на германските служби, а не дошле по нивен налог, ниту пак се стекнати на било кој друг начин што би значел кршење на германските правни норми, Обвинителството го одобри нивното користење„ – појаснува Јавниот обвинител Крик.
Тој исто така нагласува дека се води истражна постапка против службеници во три германски банки, како и една банка во странство, кои им понудиле таков сервис на муштериите. Истражните органи сакаат да проверат дали банкарските службеници им нуделе слични услуги за нелегален трансфер на пари и на други муштерии.