1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Метју Нимиц доаѓа во Скопје и Атина

Посредникот на ОН, Нимиц, утре (05.03.08) доаѓа во Скопје на дополнителни консултации со македонскиот државен врв, во обид да се најде компромис пред средбата на министрите за надворешни работи на НАТО в четврток.

default

Посредникот на ОН, Метју Нимиц во нова мисија

Нимиц по Скопје оди во Атина на разговори со грчкиот амбасадор во преговорите за името, Адамантиос Василакис.

Во посета на Македонија в четврток доаѓа и еврокомесарот за проширување, Оли Рен. И покрај различните мисии, двете посети имаат и допирна точка – решавањето на грчко-македонскиот спор околу името, што го очекуваат и членките на НАТО и на ЕУ. Македонија игра на картата на својата лојалност кон мисиите на НАТО.