1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Метју Нимиц во посета на Скопје

Посредникот во спорот за името, Метју Нимиц доаѓа за да го чуе официјалниот македонски став. Преговорите околу името продолжуваат независно од претстојните парламентарни избори

default

Што ќе донесе и чуе овојпат Нимиц?

Сега властите во Скопје сакаат позабрзана постапка до компромис, иако дипломатите во САД и Брисел се прашуваат дали по изборите ќе може брзо да се конституира Парламент и влада што ќе бидат легитимни да донесат одлука какво име да се прифати за евентуална компензација за прием во НАТО.

Нужен е компромис?

Компромисот е неопходен, и анкетите го покажуваат тоа, флексибилноста се зголемува дури и кај Македонците. Властите мора да се решат за нова референца, па и географска додавка во името ако сакаат конечно Македонија да биде примена во НАТО, вели професор Денко Малевски.Ако не можат тоа да го направат, тогаш тоа треба да се каже отворено, да се смири народот, да видиме по кој пат ќе предложи политиката да се бара излез, вели Малевски.

По самитот на НАТО во Букурешт, и историчарите имаат различни мислења и сугестии.

Проблем е македонското малцинство во Грција, другите малцинства што живеат таму. Името Македонија опстанало и кога немало држава, ако го изгубиме името, тоа ќе биде катастрофа, смета доктор Тодор Чепреганов, директор на Македонскиот институт за историја.

Кое е прифатливо име

Кога се појавија петте имиња како предлог од медијаторот Метју Нимиц, академик Петар Илиевски беше еден од јавните личности кој проговори дека Горан Република Македонија е прифатливо, зашто тој географски поим е историско средиште на цела Македонија од античко време. Изгледа дека оваа сугестија меѓутоа сега е неприфатлива и за властите во Атина, кои се под диктат на грчките историчари, дека за Горна Македонија зборувале и Херод и Александар Велики.

Не е избегната ниту паралелата на НАТО самитот со конференцијата во Букурешт во 1913 година, кога е поделена територијата на Македонија меѓу Бугарија, Грција и Србија.

Професор Ѓорѓи Иванов и за тоа има толкување- Букурешт 1913 година е завршен процес. Делот што бил во Србија сега е самостоен процес, а другите делови кои се во Бугарија и Грција, се наоѓаат со тоа во НАТО и во ЕУ. Сега постои страв што ако се спои и матицата со тие два дела што се поделени во Букурешт, вели професор Ѓорѓи Иванов.

Поврзана содржина