1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Метеорологијата станува добар бизнис

Ќе биде сончево, или ќе врне? Ќе има ли во наредните денови ветровито време? Со вакви и слични прашања секојдневно се занимаваат метеоролозите. Своите прогнози делумно ги нудат бесплатно на јавноста, но и ги наплатуваат.

Временската прогноза за некого значи пари

Временската прогноза за некого значи пари

Во Германија има околу 20 приватни метеоролошки служби. Сите заедно прават промет од околу 30 милиони евра. За сега - оти бизнисот е во подем, благодарение и на нараснатата побарувачка за обновливи енергии.

Точната проценка зависи од временската прогноза

На секаде во Германија ветерници кои произведуваат се’ повеќе струја - тоа е сликата за иднината што ја има Томас Пилграм, чија фирма „Клин енерџи“ („Чиста енергија“) стопанисува со неколку комплекси од ветерници, како и соларни постројки за производство на електрична енергија. Затоа тој мора да знае колку ќе биде силен ветерот во наредните денови и дали тие ќе бидат сончеви.

„За нас е тоа од огромна важност, оти така ќе можеме да планираме кои постројки ќе прозведат колкави количества енергија и да знаеме дали имаме вишок на енергија, што ќе можеме да го продаваме, или имаме недостиг и мораме да докупиме на пазарот.“

Метеоролозите имаат важна задача

Метеоролозите имаат важна задача

Во „Клин енерџи“ во Лајпциг соработниците прават таканаречени прогнози на оптовареност, што значи, колку струја, кога и каде се троши. Со помош на точни временски прогнози тие можат да проценат и колку енергија ќе се произведе. Од тоа може да се изведе заклучок за потребата од струја и да се предвиди нејзината цена.

„Сето чини пари. Но, ако планираме грубо, само врз основа на поглед во весник, ако погрешно ги планираме количествата што ќе бидат произведени, отстапувањата се поврзани со многу поголеми трошоци. Тогаш мораме скапо да купуваме на пазарот, без фактички да имаме потреба од тоа.“

Бизнисот расте со зголемувањето на обновливите извори на енергија

„Клин енерџи“ добива податоци за времето од фирмата „Метеогруп“ од Берлин. Таму се јавува Томас Пилграм:

„Ало, Алекс, токму имам еден телефонски повик од претпријатие што тргува со енергија, па морам да знам каква е ситуацијата со ветерот?“

„Метеогруп“ неодамна востанови нов оддел за клиенти од областа на енергетиката и тој добро работи, вели Луц Бертрам, раководител на фирмата.

Компјутерски симулации во германската Метеоролошка служба

Компјутерски симулации во германската Метеоролошка служба

„Бизнисот темелно се промени, па има екстремно голема побарувачка за обновливи енергии, значи за струја добиена од ветер, сонце, вода. За тоа се прават специјални прогнози за одредени мрежни подрачја во Германија, но и за поединечни комплекси со ветерници или со соларни постројки.“

По катастрофата во јапонската атомска централа во Фукушима, уште повеќе расте побарувачката по обновлива енергија, а со тоа и бизнисот со прогнозата на времето.

Автор: Алекса Мајер/Зоран Јордановски

Редактор: Горан Чутаноски