1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мета го напушти Бериша пред изборите

Албанскиот премиер Сали Бериша синоќа (03.04) направи реконструкција на владата, откако владината коалиција ја напушти неговиот партнер, социјалистот Илир Мета. Изборите во Албанија се закажани за јуни годинава.

default

Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) на Илир Мета вчера ја прифати поканата на опозициската Социјалистичка партија за изборна коалиција за јунските парламентарни избори во Албанија.

„На попладневната седница донесовме одлука партијата да ја напушти Владата и да ја прифати поканата на опозициската Социјалистика партија“, изјави партискиот секретар Луан Рама, по заседанието на највисокото партиско раководство.

Лидерот на ЛСИ Илир Мета на прес-конференција прашан дали има морал во неговото сојузништво со лидерот на социјалистите Еди Рама, изјави дека моралот во политиката и‘ припаѓа на иднината.

Мета, кој е поранешен социјалистички премиер на Албанија, во 2009 година на изненадување на сите, иако неговата партија припаѓа на левицата, одлучи да стане дел од десничарската влада на Бериша.

Бериша синоќа експресно најде замена за министрите од партијата на Мета. Нов шеф на албанската дипломатија ќе биде Алдо Бумчи, актуелен министер за култура, млади и спорт. Тој доаѓа на местото на Едмонд Панарити, додека на местото на Бумчи доаѓа познатиот писател Висар Жита. Познатиот албански лекар Халим Косова ќе биде министер за здравство на местото на Вангел Таво, додека Флориоан Мима ќе биде прв човек на Министерството за економија, трговија и енергетика. На ова како и на вицепремиерското место до сега беше Едмонд Хаџинасто. Предлогот на Бериша ќе му биде доставен на претседателот Бујар Нишани кој треба да потпише указ, а гласањето на новите министри во Парламентот ќе биде денеска.

Претходно Бериша изјави дека заминувањето на партијата Движење за социјалистичка интеграција од владината коалиција не значи дека Владата ќе падне, а на социјалистите им порачал да не се надеваат на техничка влада, која ќе ги спроведува изборите, како што тие планирале.

Поврзана содржина