1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Металург со убедлив пораз се прости од ЛШ

Македонскиот клуб Металург не успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Во вториот четвртфинален натпревар убедливо загуби од Киелце.

Ракометарите на Металург со пораз се простија од натпреварите во Лигата на шампиони, откако во реванш четвртфиналниот натпревар во Киелце од истоимената екипа забележаа пораз со 15:26.

Играчите на Лино Червар рамноправен противник беа до 22-та минута (7:7), од тој момент започнаа грешките во нападот, а и одбраната стана порозна. Киелце до полувремето направи серија од 5:1, предноста создадена во првиот дел ракометарите на полскиот шампион во второто полувреме само ја зголемија, а на крајот стигнаа и до двоцифрена предност.

Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец со по четири голови беа најефикасни во редовите на Металург, Дарко Станиќ на голот имаше 10 интервенции. Михал Јурецки со осоум голови беше најефикасниот играч кај Киелце.

Завршниот турнир во Лигата на шампиони ќе се одигра на 1 и 2.јуни во Келн, учество на него изборија Килеце, Барселона, Кил и Хамбург.