1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Металург против Кроација Осигурање

Ракометарите на македонскиот шампион Металург за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите го добија хрватскиот првак- Кроација Осигурање од Загреб .

Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони во двомечот во осминафиналето ќе игра против силниот тим на Кроација Осигурање од Загреб. Ова е епилогот на денешното (28.02.2012) извлекување на осминафиналните двојки, кое, претпладнево се случи во Хорсхолм, место кое се наоѓа во близина на данскатапрестолнина Копенхаген.

Металург и Загреб веќе еднаш се сретнаа во тековната сезона, во регионалната СЕХА лига, во Скопје, натпреварот заврши без победник.

Lino Cervar

Лино Червар , хрватскиот тренер на Металург е можеби најголемиот адут против Загреб

Како послабо пласиран во натпреварите по групи Металург првиот натпревар ќе го игра на домашен терен во Скопје а реваншот ќе се игра во Загреб.

Кроација Осигурање, фазата по групи во Лигата на шампиони ја заврши на второто место во А групата, веднаш зад Барселона. Хрватскиот првак, во А групата имаше учинок од осум победи и само два порази.

Кроација осигурање на теренот ја предводи еден од најдобрите светски ракометари во изминатата деценија Ивано Балиќ, во тимот се и хрватските репрезентативци Копљар, Гојун, Вукиќ, Штрлек, Валчиќ и Хорват кој со 69 постигнати гола е најефикасниот играч во фазата по групи.

Загреб пред ждрепката беше еден од посакуваните противници, заедно со унгарскиот Веспрем.

Ivano Balic Flash-Galerie

Ивано Балиќ ја предводи Кроација осигурање

Другите осминафинални двојки во ракометната лига на шампиони се:

Берлин-Барселона

Монпеље-Кил

Висла-Атлетико Мадрид

Кадетен Шафхаузен-Хамбург

Адемар Леон-Веспрем

Киелце-Копер

Савехов-Копенхаген

Првите осмина финални натпревари ќе се одиграат од 14 до 18.март, додека реваншите се на програмата од 21 до 25. март.

Автор:СН/БГ/мф/ехф

Редактор: Жана Ацеска