1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Металург пред клучен дуел во Лигата на шампионите

На македонскиот ракометен првак му е потребен најмалку еден бод од денешниот дуел против германскиот Хамбург.

default

Филип Миркуловски

Ракометарите на Металург, вечерва (26.02), во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одиграат натпреварот од последното коло во Ц-групата, во Лигата на шампиони.

Противник на македонскиот шампион ќе биде Хамбург, една од најдобрите европски екипи, која годинава атакува и на европската круна. Натпреварот за Металург е од исклучително значење во борбата за второто место во групата.

Доколку избраниците на Лино Червар останат непоразени, тогаш фазата по групи, во елитното натпреварување, ќе ја завршат на второто место зад Хамбург, кој досега нема ниту еден пораз (8 победи и едно реми).

Металург на овој меч ќе биде посилен за Филип Миркуловски, кој поради суспензија го пропушти натпреварот со Висла, кој неговите соиграчи го добија со 20:24.

Хамбург на теренот е предводен од хрватското трио: Дувњак-Лацковиќ- Вори, покрај нив тука се браќата Жил, германските репрезентативци Хенш, Јансен и Краус и данскиот репрезентативец Линдберг, човекот кој на ЕП го постигна победничкиот гол, во последната секунда против Македонија.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Е.М.Фиданоска