1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Металург по втора победа во Лигата на шампионите

Победа во денешниот меч против Горење Велење ќе и’ даде дополнителен сјај на сензационалната победа на гостувањето против Шамбери во Франција во првото коло од ЛШ, смета тренерот на Металург Лино Червар.

Ракометниот шампион на Македонија, Металург, денеска во Скопје ќе го одигра натпреварот од второто коло во Лигата на шампиони. Противник на избраниците на тренерот Лино Червар ќе биде првакот на Словенија Горење Велење. И двата тима во првото коло постигнаа победи.

Тренерот Червар на прес-конференцијата во четвртокот ги повика своите играчи да ја поправат играта во одбрана.

За тимот на Горење Велење истакна дека има стил на игра кој го карактеризира цврста зона и брза транзиција, со исклучително брзи крила и добра надворешна линија. Според Червар ракометарите на словенечкиот шампион знаат да ја казнат секоја грешка.

„За да им се спротиставиме ќе треба да ја засилиме играта во одбраната, која лани беше наш заштитен знак“, порача хрватскиот стратег додвајќи дека посакува победа против Горење и максимален ефект по две одиграни кола, за бодовите освоени со Шамбери, како што рече, да добијат на значење.

Капитенот на „металурзите“ Ванчо Димовски, пак, ги повика соиграчите да не потпаднат под императивот победа и да го издржат психолошкиот притисок.