1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Металург моќно во Франција

Македонскиот ракометен шампион, Металург со победа ја почна сезоната во европската Лига на шампионите

Ракометарите на Металург успешно стартуваа во новата сезона во Лигата на шампионите, откако вчеравечер нагости кај Шамбери постигна победа од 33:30 (15:13). Во текот на целиот натпревар македонскиот шампион имаше контрола над резултатот и над играта и сосема заслужено ја запиша првата победа. Најубедливата предност Металург од шест голови ја имаше во 50. минута 31:25, која до крајот успеа да ја задржи.Најефикасни на натпреварот беа Наумче Мојсовски и Дејан Манасков со по 7 голови, додека Дарко Станиќ имаше 11 одбрани.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Металург ќе го одигра на 6 октомври во рамките од 2. коло, кога во Скопје ја пречекува екипата на Горење. На другите натпревари од Ц групата постигнати се следните резултати: Горење – Санкт Петерсбург 35:22 и Киелце – Силкеборг 35:26. Настапи и Кирил Лазаров, но неговата екипа Атлетико Мадрид во реприза на ланското финале загуби дома од европскиот првак Кил со 27:32. Лазаров постигна 7 голови.На другите натпревари од 1.коло беа постигнати следниве резултати:

А група: Флензбург – Монпеље 37:37, Чеховски Медведи – Партизан 38:31 и Адемар – Хамбург 26:28.

Б група: Савехоф – Констанца 35:31, Веспрем – Цеље 32:22 и Атлетико Мадрид – Кил 27:32.

Д група: Шафхаузен – Барселона 23:32, Загреб КО – ПИК Сегед 30:27 и Берлин – Динамо Минск 29:25.