1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Металург го предизвикува Киелце

Македонскиот ракометен шампион Металург попладнево (28.04) во Киелце го игра реванш натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Ракометарите на Металург со негатива од два гола (25:27) ќе го почнат реваншот, но како што напоменуваат и тие - ништо не е завршено. Иако Киелце оваа сезона има три победи над Металург (23:21; 21:20 и 27:25),, сите натпревари беа неизвесни, а особено тој во Полска, кој заврши и со најмала разлика.

Lino Cervar

Лино Червар

Тренерот Лино Червар нема да може да смета на повредените Миладин Козлина и на Дамир Батиновиќ, а од порано надвор од составот се Мите Стоилов и Дејан Макасков. На повреда уште се жали голманот Дарко Станиќ, но за очекување е тој да биде на голот на македонскиот првак.

И во редовите на полскиот првак се внимателни, а хрватскиот репрезентативец во нивните редови Мануел Штрлек за интернет страницата на клубот изјави: „Металург е опасен, бидејќи нема што да загуби“.

Која од овие две екипи да се пласира во полуфиналето ќе биде дебитант на „фајнл фор“ турнирот во Келн. Почетокот на натпреварот е во 17 часот.

Покрај овој натпревар денеска играат уште: Хамбург и Флензбург (32:26 прв натпревар). Пласман во полуфиналето веќе обезбедија европскиот првак Кил и Барселона.