1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Металург го победи и Горење

Македонскиот првак втората победа во Лигата на шампионите ја оствари благодарение на одличната одбрана во првото полувреме. Тренерот Лино Червар и се заблагодари на публиката во Скопје за поддршката.

default

„Задоволем сум како одигравме и дури сега победата во Франција добива на тежина. Имаме четири бодови. Одигравме добро прво полувреме и одлично во зоната 6-0 со трпелив напад. Голема благодарност до публиката“, изјави по натпреварот тренерот Лино Червар откако македонскиот ракометен шампион Металург ја оствари и втората победа во рамките на „Ц“ групата од Лигата на шампионите. Вчера попладне во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје беше словенечкиот првак Горење со 30:23 (13:6).

Тренерот на Горење Бранко Тамсе му честита на Металург за победата. „Нашите противници одиграа одбрана 6-0 без грешка и имаа 12 чисти контри, што беше клуч за победата“, рече Тамсе.

Lino Cervar

Тренерот Лино Червар задоволен од играта во одбраната

Инаку Металург натпреварот го реши во своја полза благодарение на одличното прво полувреме кога одбраната предводена од голманот Дарко Станиќ одигра без грешка и прими само шест голови.

Најефикасни кај Металург беа двете крила Дејан Манасков и Гоце Георгиевски кои постигнаа по 7 голови. Станиќ натпреварот го заврши со 12 одбрани.

Кај гостите најмногу голови постигнаа Марко Безјак 8, а Јуре Доленц постигна 7 (сите од 7 метри). Покрај овој натпревар во „Ц’’ групата вчера беше одигран и натпреварот меѓу Санкт Петербург и Килеце во кој гостите од Полска славеа убедлива победа со 31:21.

Денеска се игра средбата меѓу Силкеборг – Шамбери.

Металург и Киелце имаат по две победи и се на водечките две позиции со по 4 бодови, а по нив следуваат Горење со 2, Шамбери, Силкеборг и Санкт Петерсбург без бодови.