1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Место јунски, декемвриски старт на пристапните преговори?!

Поради процедурата во Бундестагот и престојните избори, доколку во наредниве часови не се случи чудо, одлуката за пристапните преговори на Македонија ќе остане обврска за новоизбраните парламентарци, но дури во декември!

Иако Германија и парламентарците сакаат што поскоро Европската унија да ги отвори пристапните преговори со Македонија, факт е дека зеленото светло за оваа одлука најверојатно ќе треба да го даде новиот состав на Бундестагот. И тоа поради парламентарните избори, во најдобар случај некаде во декември. Со ваквата германска процедура која се јавува како нова бариера на македонскиот пат кон ЕУ, денеска во Берлин беше запознат македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими.
„Факт е дека за стартот на пристапните преговори зелено светло треба да даде Бундестагот. Вистина е и дека за јунската одлука нема доволно време. Со вицепремиерот Бесими  разговаравме токму за овој проблем со времето. Како што е познато, Парламентот заседава до крајот на јуни, по што започнува изборната кампања. Изборите се на 22  септември. Конкретно, ова значи дека доколку во наредниве часови не се случи чудо во решението на спорот за името, одлуката околу стартот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, ќе остане да ја донесе идниот

Teilnehmer der Veranstaltung - Danke Deutschland

Треба чудо, па за Македонија сега да одлучи актуелниот состав на Бундестагот: Петер Вајс (ЦДУ-ЦСУ)

состав на Парламентот“, подвлекува за ДВ Петер Вајс, пратеник  на ЦДУ-ЦСУ и член на групата за соработка со Југоисточна Европа, кој заедно со партискиот колега Јохан Вадефул имаше работен ручек со вицепремиерот Бесими.

И германските избори нова бариера

Дека објективно во јуни ќе изостане отворањето на пристапните преговори со Македонија, порачал и др. Андреас  Шокенхоф (ЦДУ-ЦСУ) кој претпладнево беше прв и единствен соговорник на вицепремиерот Бесими. Како што велат од неговиот кабинет, иако било подвлечено дека ЦДУ и Бундестагот би сакале да има што поскоро почеток на пристапниот процес, се чека решението на спорот за името и без него нема да има зелено светло од Европскиот совет. Според изворот на  ДВ, ова се аргументира со две причини. Прво, нема никакви сигнали дека до решение на спорот околу името со Грција ќе дојде до наредниот ЕУ самит. Ова не го навестил ни вицепремиерот. Втората причина е чисто од техничка природа, врзана за работните седмици на Парламентот (пред и по изборите). Во јуни Бундестагот има три работни седмици: оваа, уште една и трета во последната недела на јуни. За да може Бундестагот да го донесе решението и во случајот на Македонија, за која подготвеноста е висока, би биле потребни процедурални најмалку две до три седмици. Така, доколку и во наредниве 7 дена има позитивно решение на спорот околу името, Бундестагот процедурало нема да стаса до 27 јуни да ја донесе потребната одлука.
Во интерес на Македонија не се ни престојните септемвриски парламентарни избори во Германија. Ако во нормалниот ритам Европската комисија во октомври каже дека спорот за името е решен и пристапните преговори може да се отворат, повторно проблем е германската процедуралност. Поточно, по септемвриските избори до декември се планирани четири  парламентарни седмици на Бундестагот. Едната е конститутивна од

Mazedonien Deutschland Westerwelle Poposki Fahnen

И за декемврискиот датум останува предусловот: да нема ничие вето!

11 до 15 ноември. Втората од 25 до 29 ноември целосно е посветена на буџетот.  „Нормална“ седница на која би можело да се даде зелено светло за Македонија е третата и последна работна седмица на Бундестагот пред Европскиот самит ( 2 до 6 декември). Доколку парламентарците ефикасно работат во оваа седмица и би можело да се стаса со одлуката.

Условот - да нема вето, останува

 „Но, ова значи и многу добра волја. Со други зборови кажано,  наредниот чекор решавачки за Македонија би бил Самитот на Европскиот совет во декември. Но,секогаш со предусловот, кој јасно му е пренесен и на Бесими: потребно е само едно -  доказ, потврда дека нема да има вето ни од Грција ни од Бугарија. Независно дали името ќе се реши вака или онака, мора да има сигурност дека нема да има вето, па Бундестагот да сигнализира и Европскиот совет да одлучи за почеток на пристапните преговори “, подвлекува изворот на ДВ.
Инаку, покрај европската иднина на Македонија, парламентарците се интересирале и за внатрешно-политичката состојба и конкретно - спроведувањето на договорот од 1 март, формирањето на истражната комисија за декемвриските случувања, како и за развојот на односите со Бугарија и Грција.
Вицепремиерот Бесими попладнево имаше работни средби и со Николас Мајер-Ландрут, советник на канцеларката Меркел, како и со др. Емили Хабер, државен секретар во германското МНР. Од  богато скицираната агенда, поради пленарната седница на Бундестагот, отпаднаа средбите со претставниците на Комисијата за европски прашања и за надворешна политика на Бундестагот.