1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Меси повторно на светскиот врв

Фудбалскиот „бог“ ја одбрани титулата - Лионел Меси е повторно избран за фудбалер на годината. Најдобра во женскиот фудбал е повторно Марта, додека во категоријата фудбалски тренери титулата ја доби Силвија Најд.

default

Главни ривали на Меси му беа неговите клупски колеги, Чави и Иниеста

Во елегантен црн смокинг и вратоврска „пеперутка“ изненадениот Меси зрачеше од среќа. „За мене 2010 беше компликувана година. Со Барселона одеше добро, на Светското првенство не толку добро“, изјави аргентинскиот фудбалер и им се заблагодари на своите „најсакани“. И покрај разочарувачкото Светско првенство за Аргентина, на кое Меси не постигна гол, новинарите, националните селектори и капитените повторно го избраа за најдобар фудбалер на светот. 23-годишниот напаѓач за својот клуб Барселона постигна 34 гола минатата година и го донесе речиси сам до титулата. Меси ја доби титулата најдобар фудбалер на светот пред неговите клупски колеги Андрес Ињеста и Чави. Првпат на избор беа тројца играчи од ист клуб. Меси, по Роналдињо и Роналдо, е трет играч кој успеал да ја одбрани титулата најдобар.

Силвија Најд најдобар женски тренер

Бразилката Марта, пак, е најдобра фудбалерка на светот. Таа се бореше со солзите и неверувањето дека по петти пат по ред е на тронот на светот. Зад себе ги остави германските репрезентативки Фатмире Бајрамај и Биргит Принц.

Weltauswahl Elf des Jahres 2010 Fussball FIFA Ballon d Or 2010

Најдобрите 11 на светот: Роналдо, Мајкон, Лусио, Пике, Касиљас, Виља, Меси, Снајдер, Чави, Иниеста и Пујол.

За најдобар тренер во женска конкуренција е прогласена Силвија Најд. ФИФА годинава првпат ја доделува титулата за најдобар тренер во женскиот фудбал. Националниот селектор на женската репрезентација на Германија, Силвија Најд, се проби пред нејзината колешка Марен Мајнерт која ја тренира германската репрезентација до 20 години и тренерот на американските фудбалерки, Пиа Сундхаге од Шведска. Во машка конкуренција, годинава, за најдобар тренер е прогласен Жозе Мурињо од Реал Мадрид. Мурињо, минатата година, го донесе Интер до тројна титула и потоа замина за Шпанија.

Автор: Оливија Фриц/Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски