1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Меси повторно на врвот на светот

Спектакуларниот Аргентинец по трет пат едноподруго ја освои Златната топка на ФИФА, награда за најдобриот светски фудбалер

default

Лионел Меси

Аргентинецот Лионел Меси ја освои престижната награда на ФИФА, Златна топка за 2011 година, со што трет пат последователно ја понесе титулата за најдобар фудбалер на светот. Во најтесниот круг, Меси беше избран пред соиграчот од Барселона Чави и Кристијано Роналдо од конкурентскиот Реал Мадрид.

Минатата сезона Меси постигна 53 гола за својот клуб Барселона, со кој ги освои Лигата на Шампионите и шпанското првенство.

24-годишниот Меси се закити со титулата најдобар во светот и во претходните две сезони, во 2009-та и 2010-та. Французинот Зинедин Зидан и Бразилецот Роналдо, кои со своите репрезентации освоија и по едно Светско првенство во фудбал, досега се единствените со по три признанија.

Јапонката Хомаре Сава ја освои титулата најдобар женски фудбалер за 2011-та година, а конкуренти и‘ беа Бразилката Марта и Еби Вамбах од САД.

Der Trainer von Barcelona Pep Guardiola

Пеп Гвардиола

За тренер на годината е прогласен Пеп Гвардиола од ФК Барселона.

Во оваа категорија беа кандидирани тројцата стратези на најголемите светски клубови, покрај Пеп Гвардиола од Барселона- Жозе Мурињо од Реал Мадрид и Алекс Фергусон од Манчестер Јунајтед.

Гласовите за добитниците на Златната топка ги даваат новинари, селекторите и капитените на националните репрезентации.

Светската фудбалска организација- ФИФА и магазинот Франс Фудбал последниве години заедничките ја доделуваат наградата Златна Топка. Во минатото, единствен фудбалер кој трипати едноподруго ја добивал наградата на Франс Фудбал е францускиот ас Мишел Платини од 1983 до 1985 година.

Автор: ЖА/дв/БГ/афп

Редактор: Б. Георгиевски