1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Меси најплатен светски фудбалер

Најдобриот играч на планетата има и најголема годишна заработувачка. Кај тренерите, убедливо води Жозе Мурињо.

default

Лионел Меси

Магазинот „Франс фудбал“, објави дека Лионел Меси е најплатениот светски фудбалер, зад него се Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо.

Најдобриот светски фудбалер, годишно заработува 33 милиони евра. 10,5 милиони евра е неговата плата во Барселона, 1,5 милиони евра се бонусите кои ги добива од клубот, а 21 милион евра Меси заработува од реклами.

Годишната заработувачка на Бекам изнесува 31,5 милиони евра, од кои 26 милиони Англичанецот инкасира од реклами.

Кристијано Роналдо во Реал Мадрид има годишна плата од 13 милиони евра, а 15,5 милиони заработува од спонзорски и други договори.

Најплатен тренер е Жозе Мурињо, кој во Реал има годишна плата од 14,8 милиони евра, зад него е тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти со годишна плата од 13,5 милиони евра.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: А.Трајковска