1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Меси и Неимар за мир на Блискиот Исток

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси и неговиот клуб Барселона се вклучуваат во мировните преговори на Западниот Брег

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона, предводени од Лионел Меси, како и новата ѕвезда Неимар ќе одржат „фудбалски работилници“ со израелски и палестински деца, а ќе имаат средби и со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим и со првиот човек на Палестина, Махмуд Абас во Витлеем.

„Оваа турнеја е посветена на ширењето на мирот меѓу Израел и Палестина низ призмата на спортот и спортските вредности, соопштија од раководството на каталонскиот клуб.

Првичната идеја беше Барселона да одигра натпревар против комбиниран состав од Израелци и Палестинци, но тој проект пропадна поради противењето на претседателот на Палестинската фудбалска асоцијација Џибрил Раџиб.

Посетата на Барселона на кризниот регион на Западниот Брег се совпаѓа со новите мировни преговори меѓу двете спротивставени страни кои почнаа минатата недела во Вашингтон. Директните преговори Израел-Палестина се обновуваат по скоро петгодишна пауза кога претходните пропаднаа.