1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Меси го продолжи договорот со Барселона

Аргентинската фудбалска суперѕвезда Лионел Меси се согласи да го продолжи договорот со ФК Барселона до 2018. година. Договорите со лидерот во шпанската Примера лига ги продолжија и Чави и Пујол.

Фудбалскиот клуб Барселона долгорочно ги зацврсти врските со своите тројца играчи-ѕвезди Лионел Меси, Чави Ернандес и Карлес Пујол. Како што соопшти клубот денеска (18.12.2012) раководството се договорило со Лионел Меси за продолжување на неговиот договор, кој истекува до 2016. година, за две години, до 2018. година. Договорите на Чави и на капитенот Пујол продолжуваат сега до 2016. година. Барселона во шпанската лига останува суверено на врвот на табелата. Три кола пред крајот на полусезоната Каталонците имаат девет бода предност пред Атлетико од Мадрид и 13 бода пред Реал.