1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Месиќ и Санадер: Готовина да се фати и да се предаде

Двајцата хрватски челници, претседателот Стипе Месиќ и премиерот Иво Санадер, подготвија заеднички одговор на пораката од Брисел- дека преговорите со Хрватска нема да почнат доколку Загреб не го испорача во Хаг избеганиот генерал Анте Готовина.

Без Готовина, нема преговори за членство за Хрватска во ЕУ

Без Готовина, нема преговори за членство за Хрватска во ЕУ

,, Анте Готовина да се најде под дрво и под камен. Да се вклучат максимални напори за негово пронаоѓање,,, побараа заеднички хрватскиот претседател Месиќ и шефот на владата Санадер. Нивниот повик тие го упатија до надлежните во државната администрација, разузнувачките агенции, хрватското министерството за внатрешни работи како и државното обвинителство. Согласно законските и професионалните обврски и во соработка со странските служби да се направи се за да се пронајде обвинетиот од Хаг, посочија во заедничката изјава Месиќ и Санадер.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен во понеделникот, по самитот на министрите во Брисел, истакна дека Готовина најверојатно се крие во Хрватска и дека според сознанијата од Хаг, тој им е на дофат на властите во Загреб.

О тон Месиќ

,, Јас тврдам дека тој, според податоците со кои што располагам, не е во Хрватска. Но за тоа да се уверат и нашите пријатели од странство, ние мора да обезбедиме докази,, ги демантираше тврдењата на еврокомесарот хрватскиот шеф на државата .

Месиќ посочи и дека не се точни тврдењата дека претставници на хрватската влада стапиле во контакт со избеганиот генерал и го убедувале да се предаде, но не успеале во тоа.

Заедничката изјава на хрватското државно раководство, околу црвстата подготвеност за соработката со Хашкиот трибунал следува по опомената што Брисел пред неколку дена ја упати до Загреб – дека доколку во скоро време Анте Готовина не биде испорачан на хашкиот трибунал, Хрватска нема да може да ги почне преговорите за членство во Еу, планирани за 17 март.