1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мерцедес, Хитлер и мртво дете

Еден видео спот во Германија предизвика жесток бран на дискусии. Во спотот станува збор за новата марка на Мерцедес, неговиот систем за кочење и Хитлер.

Едно мало село на крајот на 19. век. Кон селото се движи модерен Мерцедес кој е со внимание проследен од селаните. Кога две девојчиња ќе претрчаат на патчето, автомобилот веднаш закочува и застанува. Нешто подоцна на селското патче се појавува друго дете. Од куќата истрчува мајка која му довикува „Адолфе, Адолфе“. На екранот се појавува името на селото, Браунау на Ин родното место на Адолф Хитлер. Видеото завршува со денешниот слоган на рекламите на Мерцедес, која ја истакнува автоматската способност на автомобилот да кочи, „препознајте ја опасноста пред таа да се случи“.

Nachwuchsregisseur Tobias Haase

Тобиас Хаасе

Оваа видео е дело на апсолвентите на германската филмска академија во Баден Виртенберг. Видеото веќе собра повеќе од три милиони прегледи на Јутуб. Неговото прикажување во Германија трае веќе еден месец, а толку траат и жестоките расправи околу него. Мерцедес уште веднаш се огради од видеото и порача дека не се работи за нивна официјална реклама.

„Уверени сме дека е непримерното да се прикажува смрт на некој човек, односно дете, како и прикажување на содржини поврзани со национал - социјализмот, во реклами“, порача портпаролот на Мерцедес, Тобиас Милер. Откако првично беше отстрането од Јутуб, видеото повторно беше вратено со предупредување дека тоа не е официјална реклама на Мерцедес. Навистина, мора да се признае дека видеото е толку добро направено, па се чини дека тоа е навистина реклама. Покрај тоа направено е и на база на сегашната кампања на Мерцедес која се фокусира на системот за кочење. Системот преку вграден радар времено ги препознава пешаците на улицата и автоматски кочи доколку тоа навремено не го направи возачот. Како што се гледа во видеото, Мерцедесот ги препознава опасностите и кочи, освен секако во случајот на младиот Адолф Хитлер. Него системот го препозна како „опасност пред да се случи“. За што всушност се работи? Дали е тоа всушност, индиректна, прикриена реклама на Мерцедес? Намерата на студентите како што тие самите велат била сосема поразлична. Тие велат дека не работат со реклами, затоа што тие се прават по порачка и ако клиентот плаќа. Тогаш и тој влијае на рекламата.

„Што тогаш нарправивме ние? Реклама за нас самите, кои правиме филмови и мислам дека тоа ни успеа“, вели Тобиас Хаасе кој е режисер на видеото.

First Steps Awards 2013 Berlin Deutschland Filmpreis Medien Werbung

Овогодинешните добитници на наградата „Награда за први чекори“

Жестоки дискусии

Спорното видео се закити со неколку награди за судентите апсолвенти кои работат на филмските академии на германски јазик на овогодинешната манифестација „Награда за први чекори“, и тоа во неколку категории. Занимливо е тоа што спонзор на наградите е токму Мерцедес. Според зборовите на портпаролот Тобиас Милер, двете работи не се поврзани, и не влијаеле на одлуката на жирито. Во објаснувањето на одлуката стои: „оваа видео остава силен впечаток, што пак ги тера гледачите сами да судат и да формираат свое мислење околу тоа што го виделе“.

Онаа што го имаат видено е следново: автомобил кој пресудува за живот и смрт, смрт на едно дете и национал-социјалзмот. Тоа се и трите најглавни точки на дискусија. Дали навистина смее еден автомобил да пресудува кој живее, а кој умира?

„И јас на тоа гледам низ таа призма, но видеото не смее да се ограничува само на тоа, полно е со содржини иако е долго само 60 секунди. Мислам дека е навистина добро ако некое видео отвара дискусија. Но тоа незначи дека режисерот автоматски го дели своето мислење со порката која видеото ја носи“, прагматично објаснува неговиот режисер.

Следната критичка точка е смртта на детето. Него Хаасе го убива пред да се случи најголемата катастрофа во дваесетиот век. „Дали смеат децата да бидат убиени во рекламно видео? Тоа е навистина тешко, знам. Но ние не убивме дете, само снимивме видео“, додава Хаасе. Со него се сложуваат и милиони гледачи на Јутуб кои таму ги оставиле своите коментари. Еден од коментарите вели:„Тоа е само фикција, многу пострашно е она што навистина се случи“.

„Хитлеритис во Германија“

Adolf Hitler in Braunau

Хитлер во своето родно место Браунау на Ин

И за крај - смее ли во рекламни видеа воопшто да се спомнува национал - социјализмот?

И на оваа прашање Хаасе има многу едноставен одговор: „подобро е да се исмева Хитлер наместо тој да се сфаќа сериозно“.

Со тоа овој млад човек не е првиот во Германија кој на тој начин се забавува. Тој е само уште еден режисер кој се прикличува на се поактуелниот тренд, кој се забележува веќе подолго време и во многу различни облици. Валтер Моерс кој црта стрипови, на пример, го нацрта Хитлер како седи на тоалет и како пркосно пее, додека надвор во Берлин паѓаат бомби. Комичарот Хелге Шнајдер го овековечи „својот Хитлер“ во комедијата „Мојот Фирер - навистина највистинската, вистина за Адолф Хитлер“, што е само уште еден пример за овој тренд.

Критичарите на овој тренд, во кој се пародира Хитлер, го нарекуват „Хитлеритизам“ или „банализација на злото“.

„На овој начин може да се изгубат знаењата за тој ужас, кој не е ништо друго туку само ужас. Хитлер кој денес се појавува низ сите тие дела повеќе не е тој лик кој навистина бил“ - предупредува новинарот Даниел Ерк во својата книга „Толку Хитлер ретко кога било“.