1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мерките ќе успеат, но потребно е трпение

Американскиот претседател Барак Обама решително реагираше во одбрана на планираните владини мерки за справување со економската криза, кои ќе го зголемат буџетскиот дефицит за повеќе билиони долари.

default

Барак Обама на вчерашната прес-конференција

По вторпат од стапувањето на функцијата, американскиот претседател одржа прес-конференција во Белата куќа, која телевизиски беше пренесувана во целата земја. На неа доминираше една тема: економската и финансиска политика на владата. Претседателот Барак Обама ги бранеше издатоците од 3,6 билиони долари. Тој порача дека инвестициите во здравствениот систем енергетската и образовната политика се неопходни за да се постави стопанството на стабилни основи.

Мина времето на безобѕирни шпекулации

Dossier US-Kongresswahlen Bild1

Републиканците но и Демократите во Конгресот имаат задршки за плановите на владата

Републиканците ги критикуваат како неодговорни плановите на Обама, а и неговите Демократи веќе работат на ребаланс на буџетот, којшто во многу области ќе ја ограничи политиката на издатоци.

Обама ги бранеше и мерките кои ги предложи неговата влада за справување со финансиската криза. Со нив ќе се создадат работни места, ќе им се помогне на одговорните сопственици на куќи, повторно ќе се поттикне кредитното работење и на долг рок ќе се придонесе за раст на економијата. Претседателот порача дека најважната лекција од финансиската криза мора да биде сознанието дека сите треба да покажат дека се свесни за одговорноста што ја носат.

„Банкарите и менаџерите на Вол стрит мора да сфатат дека е неоправдано да се збогатуваат на сметка на даночните обврзници и дека времето на несразмерно големите плати и бонуси и безобѕирни шпекулации мора да заврши. Истовремено ние не смееме да го демонизираме секој инвеститор или претприемач, кој сака да оствари профит“, рече Обама.

Потребна е меѓународна соработка за справување со кризата

Obama deckelt Managergehälter

Обама и неговиот „јуришник“ против кризата, министерот за финансии Тимоти Гајтнер

Осврнувајќи се на претстојната средба на Г-20 во Лондон, на која треба да се расправа за меѓународната соработка за надминување на кризата, Обама истакна дека од Европејците не побарал никакви конкретни мерки.

„Јас предложив, дека сите ние мораме да направиме чекори за зајакнување на економијата, зашто сакаме да избегнеме ситуација во која некои земји преземаат вонредни напори, а другите не го прават тоа, во надеж дека мерките на другите на сите ќе им бидат од полза“, рече Обама.

Според него цел на средбата во Лондон мора да биде поттикнување на светската економија, а притоа да не се западне во протекционизам, како и да се подобрат регулативите за банките и другите финансиски институции, и сето ова да се координира со другите земји. Тој го отфрли предлогот на Кина за нова референтна валута во меѓународниот монетарен систем, што би го заменила доларот.

Американскиот претседател потенцираше дека доларот е извонредно силен, затоа што инвеститорите ги сметаат САД за „најсилна економија со најстабилен политички систем“.


Автор: Кристина Бергман/ Симе Недевски

Уредник: Трајче Тосев