1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мерките за штедење усвоени, Грција во пламен

Грчкиот парламент ги одобри непопуларните мерки за штедење за земјата да може да ја обезбеди новата транша од кредитот на ЕУ и ММФ и да избегне банкрот. Гласањето беше проследено со жестоки протести на граѓаните и судири

A riot police officers tries to extinguish flames from a petrol bomb thrown by protestors outside the Greek parliament, Athens, Sunday, Feb. 12, 2012. Tens of thousands of protesters gathered in the square outside Parliament as a parliamentary debate began, with more arriving constantly. As the crowds grew, a few hundred anarchists started to throw bottles and firebombs at police, who responded with tear gas and stun grenades. (Foto:Thanassis Stavrakis/AP/dapd)

Griechenland Protest

Огновите во Атина гореа цела ноќ. Десетици банки, продавници, барови беа запалени во текот на протестите на граѓаните и судирите на стотици маскирани демонстранти со полицијата. Насилството се проширило и на други градови. Инциденти биле забележани и во Солун, Волос и на островите Крф и Крит.

Премиерот Лукас Пападимос ги осуди насилствата.

„Вандализам, насилство и уништување немаат место во една демократска земја и нема да бидат толерирани“, изјави тој во парламентот.

´

Жестоки судири на полицијата со демонстрантите

Околу 50 полицајци и повеќе од 50 демонстранти биле повредени во насилствата, а десетици луѓе биле уапсени.

Немирно беше и во парламентот. Иако законот, со кој се отвора патот за добивање на следната транша од помошта од 130 милијарди евра од меѓународните кредитори, беше изгласан со огромно мнозинство, се појавија бунтовници и во партиските редови. Вкупно 43 пратеници на двете најголеми политички партии во земјата, Пасок и Нова демократија гласаа против, и експресно, уште во текот на ноќта беа исклучени од партиите.

Со дополнителните мерки за штедење кои сега има можност да ги спроведе владата, се предвидува намалување на платите во приватниот сектор за нови 20 проценти, и отпуштање на 150 илјади луѓе од јавната администрација. Во бројки, се работи за заштеда на околу 3,3 милијарди евра. За многумина Грци, тоа ја прели чашата, а неретки се оние кои говорат и за востание во земјата.

Griechenland Athen Parlamentsgebäude

Парламентот во Атина

„Овие мерки за штедење се, и сега ќе употребам еден тежок збор, предавство“, изјави славниот композитор Микис Теодоракис, кој се приклучи на протестите.

Меѓу нив беше и грчкиот народен херој од Втората светска војна, 89-годишниот Манолис Глецос.

„Доста беше. Тие не знаат што значи народно востание. А Грците, без разлика на идеолошката припадност, востанаа“, порача Глецос.

Политичарите се обидуваа да ја смират ситуацијата. Конзервативниот политичар Костис Хацидакис предупреди дека земјата е на работ на уништување.

„Нашите домови, нашата земја гори. Цела Атина е во пламен. Не можеме да дозволиме популизмот да ја уништи земјата“, изјави Хацидакис.

Министерот за финансии Евангелос Венизелос беше посмирен.

„Мораме да ја спасиме земјата. Народот нема да ни прости, кога не би го сториле тоа“, рече Венизелос.

Автор: Томас Борман/ртр/Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска