Меркел ќе ја унaпредува соработката меѓу Европа и САД | Теми на денот | DW | 02.01.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел ќе ја унaпредува соработката меѓу Европа и САД

Германската сојузна влада во идните месеци, за време на претседавањето со ЕУ, сака да ја унапреди соработката на Европа со САД,како и да го заживее процесот на донесувањето на европскиот устав.

default

За време на германското претседателство со ЕУ ќе се работи на конкретизирање на досега започнатите иницијативи со САД заради давање нови импулси на економската соработка меѓу Европа и САД,изјави владин портпарол во Берлин. Германската канцеларка Ангела Меркел со тоа ја продолжува иницијативата која ја започна австриското претседателство пред една година. Целта на новото трансатланско партнерство е поголемо хармонизирање на стопанската соработка. За овие теми германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговара на средбата со американскиот претседател Џорџ Буш,таа в четврток патува во САД.Во средиштето на германското претседавање со Унијата стои и прашањето со уставот:

-Заедно со другите земји членки на ЕУ ќе се обидеме првата половина од 2007 година да ја искористиме за придвижување на важни работи,а во тоа се разбира спаѓа темата европски устав,изјави Меркел.

Мотото на германското претседателство со ЕУ е Европа ќе успее само заеднички.Само единствена Европа може да одговори на предизвиците на глобализацијата,насилството,теророт и војната.Поделена Европа е осудена на неуспех, изјави Меркел во новогодишното обраќање.

На почетокот на шесте месеци кога на чело на Унијата стои Германија,семејството нарасна за две членки,со приемот на Романија и Бугарија сега брои 27 држави.Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер вчера во Софија со охрабрувачка порака:

-Знам дека во овие земји приемот ќе се разбира и како охрабрување за продолжување на патот на реформите и модернизирањето на државата и општеството.