1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Меркел ќе биде канцелар?

Ангела Меркел треба да биде идниот канцелар на Германија, јавуваат утрово германската агенција ДПА и вториот телевизиски канал ЗДФ.

Меркел по синоќешната средба со Шредер

Меркел по синоќешната средба со Шредер

Унијата и СПД се усогласиле околу најтешкото персонално прашање,канцеларот треба да биде од најсилната фракција во Бундестагот.Со тоа се чини веќе ништо не стои на патот на Ангела Меркел како иден канцелар на Германија и наследник на Герхард Шредер.Информацијата ја потврдија и Социјалдемократите.

Тие во големата коалиција треба да бидат застапени со осум министри:за надворешни работи,финансии,правда,труд,здравство,сообраќај,развој и екологија.Од редот на Унијата ќе биде избран претседателот на Бундестагот.Информациите протекоа откако рано утрово се состанаа партиските претседателства на ЦДУ и на СПД.Меркел и шефот на Социјалдемократите,Франц Минтеферинг,кои сакаа да ги информираат раководствата на партиите за средбата на врвот синоќа во Берлин,на која освен нив двајцата беа и шефот на ЦСУ Едмунд Штојбер и канцеларот Герхард Шредер.

За попладне се закажани и прес конференции.

Одлуката доаѓа по три недели од одржаните парламентарни избори,на кои и покрај поразот на црвено зелените,канцеларот Герхард Шредер во изборната ноќ искажа претензии на канцеларското место.И Ангела Меркел,кандидатот на Унијата,положи право на водечката функција.Политичкиот покер најпрво за раководната функција,а потоа и за министерските места,траеше досега.

Саксонскиот премиер Георг Милбрад од ЦДУ смета дека денеска нема да бидат расчистени вкупните персонални одлуки,туку само дел од нив.Се чини дека разговорите се одвиваат така што е прифатливо за ЦДУ,изјави Милбранд.

Веројатно шест од министерствата кои ќе ги има ЦДУ,две ќе им ги отстапи на ЦСУ.

Од редовите на Социјалдемократите велат дека сега им претстои тешкиот дел од задачата,да ги убедат своите да ја прифатат Ангела Меркел како канцелар.Заменикот претседател на фракцијата на СПД во Бундестагот ,Гернот Ерлер за Дојчланд радио изјави дека критичарите во СПД можат да бидат убедени само со содржините на владината програма.Бјерн Бенинг,претседателот на младите Социјалдемократи,за Цет Де Еф изјави дека Минтеферинг и Шредер се одговорни за партијата и нејзината програма.